МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Биографии на манастири и цркви
од Тетовското Архиерејско Намесништво
 Соборен храм Свети Свети Кирил и Методиј - Тетово

Соборен храм Свети Свети Кирил и Методиј - Тетово
Соборниот храм св.св.Кирил и Методиј во Тетово претставува една архитектонска градба која восхитува и кај намерникот предизвикува спонтана почит не само кон светителите чие име го носи,туку и кон Православието  воопшто.Тој е еден од најубавите храмови,не само во полошкиот крај туку и пошироко во нашата татковина Република Македонија.
повеќе

 Манастир Свети Ѓорѓи с.Мала Речица

Свети Ѓорѓи с.Мала Речица
Манастирот "Свети Ѓорѓи" се наоѓа во селото Мала Речица, во подножјето на Шар Планина, во непосредна близина на Тетово. Населбата е рамнинска, на надморска височина од 490 м.
повеќе

 Црква Свети Никола Тетово

Свети Никола Тетово
За оваа црква немаме многу пишани документи ниту некои податоци. Меѓутоа во записите поврзани за манастирот "Света Богородица-Хтетовска", во една од хрисовулите на царот Душан...
повеќе

 Манастир Свети Атанасиј Балтепе

Манастир Свети Атанасиј Балтепе
Според историските извори, манастирот "Свети Атанасиј", на тврдината Кале, кој се издига на самото возвишение на Балтепе, претставува еден од најстарите култни христијански црковни споменици во овој дел од Македонија и Балканот. Потекнува од крајот на XIII век, од истиот период кога бил подигнат и манастирот "Успение на Пресвета Богородица" во месноста Плоча.
повеќе

 Црква Света Богородица Тетово

Света Богородица Тетово
Историјата на црквата "Света Богородица" е доста долга и датира од многу старо време. Оваа црква е подигната непосредно по Балканските војни.
повеќе

 Црква Свети Димитриј Тетово

Свети Димитриј Тетово
Оваа црква се наоѓа на локацијата на градските гробишта, на северозападниот дел од Тетово. Површината на црквата изнесува 0,94 ари. Порано тука постоела помала црквичка - параклис...
повеќе

 Манастир Свети Наум Охридски-Чудотворец Попова Шапка

Манастир Свети Наум Охридски-Чудотворец Попова Шапка
Северозападниот дел на Полошката котлина е затворен со Шарпланинскиот масив. Должината на овој масив изнесува 80 км и опфаќа седум врвови со надморска височина над 2 000 м, од кои најголемиот е Титов Врв на надморска височина од 2 748 м. Шарпланинскиот масив претставува еден од најзначајните природни богатства на Република Македонија во целина.
повеќе

Манастирската црква Свети Атанасиј с.Лешок
Манастирската црква Свети Атанасиј од с.Лешок ја возобновил егуменот Серафим во 1924-та година.Била изградена во многу убав стил со три куполи,една централна и две на пронаосот.На десната купола вградена била канбанеријата.Оваа црква била изградена според планот изработен од архиетектот Андрасов.Црквата со прекини се градела 10 години.
повеќе

 Манастирската црква Свети Атанасиј с.Лешок
 Манастирска црква Света Богородица с.Лешок

Света Богородица с.Лешок
Старата манастирска црква Света Богородица од селото Лешок се наоѓа во југоисточниот дел на манастирскиот двор и е една од најстарите добро очувани цркви во Полог.
повеќе

 Манастирска црква Свети Атанасиј с.Лешок

Свети Атанасиј с.Лешок
На половина час одење од селото Лешок покрај патот што води кон селото Брезно се наоѓа многу оштетен стариот Лешочки манастир посветен на Свети Атанасиј.
повеќе

 Црква Света Петка - Параскева с.Сиричино

Света Петка с.Сиричино
Селото Сиричино е првото подпланинско село што се наоѓа под планината Жеден,од неговата лева страна тече реката Вардар а непосрендно над селото се наоѓа местноста Брце или Царичино.
повеќе

Црква Свети Димитриј - Солунски с.Теарце

Црквите во с.Теарце
Селото Теарце се наоѓа непосредно од левата страна на патот Тетово - Јажинце и претставува седиште на истоимената општина.Селото е рамничарско...
повеќе

Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved