години подоцна, во 1915 година. Преосветена
е повторно во 1958 година од страна на првиот македонски архиепископ
на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонскта
православна црква Господин Господин Доситеј.
Површината на христијанските гробишта изнесува 96,83 ари според
старите мерења и според тапијата од 27 јуни 1923 година. Во
1965 година гробиштата се проширени од источната страна, па
вистинската површина на православните гробишта треба да се утврди
со повторен премер од страна на Катастар.
Црквата е грдаена од камен и полна цигла и се смета за објект
од тврд материјал. Во 1990 година извршена е целосна реконструкцијана
објектот. Сменета е целосно кровната конструкција, извршена
е замена на врати и прозорци со нови, замена на електричната
инсталација, замена на подот со пластични подни плочки, поставена
е ламперија на плафонскиот дел извршено, изведени се молерофарбарски
работи.
Во христијанските гробишта постои параклис кој е посветен на
свештеномаченик Харалампиј. Истиот е обновен и проширен во 1946
година од страна на познатите православни верници Ристо и аџи
Санда Павловски (Бутиковци) во спомен на нивниот син, правник
Тодор, управник на околискиот суд во Берово, починат како свршеник
во 1943 година.
|