МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Молитвата е нешто најсвето во нашето постоење,
таа е разговор на човековата душа со Бога.
Молитва кон Пресвета Троица

Слава Тебе,Боже наш,слава Тебе.
Царе небески,Утешителу,Дух на вистината,Кој си насекаде и се исполнуваш,ризницо на добрини и делителу на живот,дојди и всели се во нас,и очисти не од секаква нечистотија и спаси ги,Благи,душите наши!
Свети Боже,свети Крепки,свети Бесмртни,помилуј не!(Три пати)
Слава на Отецот,и Синот,и Светиот Дух,сега,и секогаш,и во вечни векови!Амин!
Пресвета Троица,помилуј не.Господи,очисти ни ги нашите гревови.Владико прочисти ги нашите беззаконија.Свети,подсети ги и исцели ги нашите немошти,заради името Твое.Господи,помилуј!(Три пати)
Слава на Отецот,и Синот,и Светиот Дух,сега,секогаш и во вечни векови!Амин!
Оче наш,Кој си на Небесата,да се свети името Твое; да дојди Царството Твое;да биде вољата Твоја,како на Небото така и на земјата;лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши,како што и ние им ги проштаваме на нашите должници;и не воведувај не во искушение но избави не од лукавиот зашто Твое е Царството,и силата,и славата на Отецот,и Синот,и Светиот Дух,сега,секогаш и во вечни векови.Амин.

Пофална песна на Света Богородица

Богородице Дево,радувај се,Благодатна Маријо,Господ е со Тебе!Благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот во твојата утроба,зашто Ти си го родила Спасителот на нашите души.

Тропар на Чесниот Крст

Спаси ги Господи,Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство;дарувај му на нашиот Православен народ победи над неприателот и чувај го со Твојот животворен Крст.

Молитва кон Ангелот чувар

Ангеле Христов,ти си мој свет чувар и покровител на мојата душа и моето срце,прости ми се што сум згрешил денеска и избави ме од секакво лукавство на непријателот што ме гони,та со никаков грев да не го разгневим мојот Бог.Моли се за мене грешниот слуга и направи ме достоен за благоста и милоста на Пресветата Троица,на Мајката-кон мојот Господ Исус Христос и на сите светии.Амин.

Символ на верата

Верувам во единиот Бог Отец,Седржител,Трворец  на небото и на земјата,и на се видимо и невидимо.И во единствениот Господ Исус Христос,Син Божји ,Единороден,Кој е роден од Оца пред сите векови Светлина од Светлина,Бог вистински од Бога вистински,роден,несоздаден,едносуштен со Оца и преку Него се станало.Заради нас луѓето и поради нашето спасение слезе од небото и се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек.И беше распнат заради нас во времето на понтискиот Пилат,пострада и беше погребан.Воскресна во третиот ден,според Писмото се вознесе на небото и седи оддесно на Оца и пак ќе дојде со слава,за да им суди на живите и мртвите,и царството  Негово не ќе има крај.И во Светиот Дух,Господ,Кој живот твори,Кој излегува од Оца,на Кого Му се поклонуваме и Го славиме заедно со Оца и Сина и Кој говорел преку пророците.Во едната,света,вселенска и апостолска Црква.Исповедувам едно крштевање за прошка на гревовите.Го чекам воскресението на мртвите и животот на идниот век.Амин.

Молитва за многустрадалниот Православен народ

Господи Боже на Силите,Боже на нашето спасение,Боже Кој Самиот правиш чуда,удостој ги своите смирени слуги и милостивно погледни не како човекољубив,послушај не и помилуј не.Еве,непријателите се здружија против нас за да не уништат и да ги разорат нашите Светињи,а Ти Кој знаеш се,знаеш дека неправедно станаа против нас,а ние не можеме да се спротиставаме на нивното мноштво ако Ти не ни помогнеш.
Поради тоа ние грешните и недостојните луѓе,каејќи се со солзи Ти се молиме:Помогни ни Боже Спасителе наш и избави не поради славата на Твоето име за да не речат непријателите наши:"Гледај,Бог ги оставил и го нема Оној Кој ги избавува и спасува" (Псалм 70/71;) туку да сознаат сите народи дека Ти си нашиот Бог,а ние сме деца Твои секогаш заштитени со Твојата моќ.Покажи ја на нас Твојата милост,Господи според зборовите кои пророкот Мојсеј ги упатил на Израилот велејќи:"Не плашете се,застанете и ќе видете Господ како ќе ве спаси,зашто Господ ќе се бие за вас"(2.Мојсеј.14;13,14).
Дај ни добар знак за да видат сите оние кои ја мразат нашата православна вера,та да се посрамат и смират.Господи Боже Спасителе,надеж и бранителе наш не споменувај ги безаконијата и неправдите на Твојот народ,не отргнувај се од нас во гневот свој туку удостој не со Твојата милост и посети ги смирените слуги свои.Дојди ни на помош и одстрани ги лукавите совети на оние што ни мислат лошо:суди им на оние кои не навредуваат и покори ги оние кои не напаѓаат;нивната бесрамна дрскост обрати ја во страв и бегство.
Прости им ги гревовите на оние кои Си им доделил во борба да ги положат своите животи за нашата вера и за слободата на нашиот народ и Татковина и во денот на Твојот праведен Суд подари им венци на славата кои не венеат.Затоа што Ти си бранител,победа и спасение на сите оние кои се надеваат на Тебе-Отецот и Синот и Светиот Дух сега и секогаш и во сите векови.Амин.

Свети Рамноапостоли Кирил и Методиј,учители словенски

Богомудри Кириле и Методиј,еднакви по дух со апостолите и учители на словенските земји,Владиката на сите молете го словенските народи да ги утврди во Православието и едномисленоста,да го смири светот и да ги спаси нашите души.

Свети Климент Охридски

Со зборови си ги упатил народите во верата Божија со делата си се издигнал,преблажение,кон божествен и блажен живот.Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат кон Тебе,со знаменија си ја осветил темнината.Поради тоа го славиме Твојот божествен спомен,Клименте.

Свети Наум Охридски

Соединувајќи се со Христа,си го оставил светот живеејќи со дух,телото си го распнал,преблажен Науме.Си се стремел како апостолите да се подвизаваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел.Така и нас со Твоите молитви избави не од искушенија.

Свети Седмочисленици

Со фалбени венци да ги овенчаме славните Седмочисленици,кои како светила блеснаа и Триединиот Бог ни Го благовестија Кирила со Методија,Наума со Сава и Горазда со Ангеларија.Цврсти столбови на нашата Црква и боговдахновени поборници на нашиот збор,вие го прогнавте бесовското езическо учење,на Христа Бога молете се,да ја утврди нашата Црква и да им дарува на нашите души мир и голема милост.

Свети маченик Георгиј Кратовски

Од рана возраст со света желба на Господа си Му се предал со сета душа Христа Единиот си го засакал и Него,Кој е вистинскиот Бог во Троица почитуван,пред нечестивите Турци си го проповедал.Со венец маченички сисе украсил,славен, и кон небеските жители си се придружил.Премудри Георгиј,моли го Христа Бога да ја чува татковината Твоја и да ги спаси православните и градот,кои секогаш ги просласвуваат Твоите подвизи.

Свети Јоаким Осоговски

Богоносен оче наш Јоакиме,си се јавил како жител на пустината,ангел во тело и чудотворец.Отако преку пост,бдение и молитва прими небески дарови.Ти ги лекуваш болните и душите на оние што со вера ти пристапуваат.Слава на;Оној што ти дал сила слава на;Оној што те овенчал слава на;Оној што преку тебе сите ги лекува.

Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved