Иконите на иконостасот се изработени од споменатиот
зограф Тале. Сите икони добро се сочувани и претставуваат вредно
дело.
При оваа црква се извршени низа градежни работи во периодот
од 1971 година, до денес и тоа: изграден е нов базен со фонтана
поплочена со мермер, подарок од Мишко Васовски од Детроит; поплочен
е дворот од влезната врата до црквата, како и папертата на истата;
изградена е нова камбанарија од армирана бетонска конструкција;
кубињата на црквата се опшиени со бакарен лим; изградба на два
санитарни јазли во парохиската куќа која е изгрдаена во 1926
година од Михаило Ановски; поправени се потпорните ѕидови од
оградата на црквата; поставена е нова железна ограда; извршено
е бетонирање на олтарскиот простор и поставување на паркет во
самата црква; поправени се седиштата во црквата; направен е
нов гроб Христов од дрво со изработка на резба; поставен е нов
крст на кубето; внатре се изработени нови фрески, од страна
на академскиот сликар Никола Цонев од Скопје.
Црквата "Света Богородица" претставува значаен објект во градот
Тетово и редовно се посетува од жителите на овој град. Оваа
посета е голема на Богородичните празници, а посебно на "Успение
на Пресвета Богородица" и на Источен петок "Балаклија" што се
празнува во Светлата седмица по Велигден.
Според податоците од книгата на Кузман Најденоски "Тетово во
минатото како културен и просветен центар на Полог", Тетово
1964 година се вели: Десно по течението на реката Пена под местото
Купеник близу до сегашната црква "Света Богородица"-Балаклија,
по Балканските војни се правени раскопување и истражување од
страна на некои учени при што биле откриени урнатини од стари
ѕидови, икони, кандила и друг црковен прибор. Во непосредна
близина на црквата се наоѓаат и средновековни христијански гробови
кои биле прекопувани во подолг временски период.
Локалитет на којшто е изграден стариот градски водовод и главнииот
резервоар за вода за градот Тетово е црковно место, на кое била
некогашната црква "Света Петка". При увид од страна на екипа
од градскиот музеј се откриени делови од ѕидови и правосголни
керамички плочки кои биле во функција на ѕидните конструктивни
маси од црквата. Тоа укажува на постара средновековна градба
врз која според историските податоци се вршени обиди за градежна
санација во 1765 година. На одземеното црковно земјиште, со
образложение дека се работи за безбедноста на резерворот, денес
се гледаат само остатоци од ѕидовите на стариот храм од околу
еден метар. Би требало да се употребат сите можности за да се
возобнови оваа црквичка којашто има големо почитување од граѓаните.
Истражувања ќе фрлат дополнителна светлина врз овој засега непроучен
споменик. Напоменуваме дека во катастарот се води овој имот
како лозје, сопственост на црквата, со површина од 1400 м2.
|