МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Биографии на манастири и цркви
Манастирска црква Свети Атанасиј с.Лешок
Манастирска црква Свети Атанасиј с.Лешок
 Манастир св.Атанасиј с.Лешок Манастирска црква св.Атанасиј с.Лешок

Манастирската црква Свети Атанасиј од с.Лешок ја возобновил егуменот Серафим во 1924-та година. Била изградена во многу убав стил со три куполи,една централна и две на пронаосот.На десната купола вградена била канбанеријата.Оваа црква била изградена според планот изработен од архиетектот Андрасов.Црквата со прекини се градела 10 години.
За внатрешното уредување и во

изработката на иконостасот и на архиерејскиот трон,биле ангажирани мајстори од Гостивар во 1936-та година,од чии имиња познати се само иницијалите И.С.Т.Р.Ж. испишани на задниот дел од царските двери.Живописот во црквата е од икони и фрески,сите биле изработени со донации на благочестиви христијани.Иконите што биле на царските двери биле на Пресвета Богородица и на Свети Архангел Гаврил.Лево до царските двери била насликана Пресвета Богородица до неа на влезната врата бил Свети Атанасиј,десно од царските двери бил насликан Господ Исус Христос а на десната врата Свети Јован Крстител.Во втората зона биле претставени дванаесте апостоли,Распетието Христово и под него Воскресението Христово.Над централната купола Христос Содржател.Сите биле изработени во 1936-та година од непознат зограф.На северниот и на јужниот ѕид,во една и во две зони се наоѓале подарени фрески,изработени од зографот Теодос Колски од Скопје во 1962-та година.Отогаш па наваму ја зографисувале повеќе зографи поради што по својот квалитет се разликуваат.Во олтарот на чело на престолот се наоѓал монументален голем крст изработен од камен оникс.Интересно е да се спомне дека над влезната врата се наоѓале две фрески,едената на Свети Атанасиј,а втората била безимена.Претходно обновување на манастирот било извршено од 1965-та година до 1968-та година под раководство на егуменијата Меланија,а во поново време истото било сторено од старешината на манастирот протојереј-ставрофор Димитрие Крстевски.
Секоја година се орджува манастирски собир на 28-ми август,кога се собираат голем број на верници од селото,околината и подалечените места кој број изнесува над неколку илјади верници.
Оваа манастирска црква беше минирана и целосно уништена на 21.08.2001 година.Со ова уривање на манастирот уште еднаш се потврди дека историјата на селото Лешок се повторува.Со минирањето на манастирот беше минирана совеста на Европа и целокупното човештво.Сето ова значи посегање по се што е македонско и православно,бришење на секакви цивилизациски траги,на традицијата,обичаите и културата на македонскиот народ ,посегање на неговото минато на териториите кои што ги запоседнаа албанските качачки банди.Црквата е разрушена до темел со минирање.Останат е само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот.Двете куполи на нартексот се останати,при што на јужната купола се видливи конструктивни пукнатини.Од експлозијата е уништено се ,сем неколку фрески на светители кои што останале на неурнатите ѕидови.Штетата е непроценлива.И токму на регионот од каде што тргна европеизацијата на Македонија во 18 век,се случи настан достоен за варварите од најцрните денови на светската историја.Уништувањето на светилиштата не претставува напад врз конкретен народ,тоа е атак врз целокупната свест на човештвото.Од експлозијата уништени се и манастирските конаци кои што се изградени во 19 век од еромонахот Езекил,исто така терористите ограбиле вредни работи од конаците меѓу кои и предмети од историска вредност.Поединечно има незначителни оштетувања на малтерот од куршуми.Оштетувања има и на столаријата од насилно влегување и дивеење на албанските орди.Подрумските простории се обиени на влезната врата и истата е незначително оштетена.Просториите во приземјето биле мета на дивеењето на терористичките банди и истите се ограбени и оштетени.Капелата посветена во чест на св.Кирил и Методиј,во манастирскиот конак е обиена,покрадена и има оштетувања од детонација на малтерот на плафонот,забележани се оштетувања на малтерот и плафонот,исто така забележани се оштетувања на фрескоживописот.Полилејот е искршен и неупотреблив и има оштетени четири престолни икони и украдени се комплет дарците во светиот жртвеник.Во кругот на манастирското двориште е оштетен гробот на архимандерот Силвестер и е искршена надгробната плоча со неуспешен обид да се изврши ескумација,најверојатно во потрага по златни и други вредни предмети.Албанските терористи не го поштедија ниту гробот на еромонахот Кирил Пејчиновиќ,а гробот е свето место.Надгробната плоча е подигната и вандалски фрлена и искршена веднаш до гробот.Од јужната страна направен е обид за за раскопување по целата должина на гробот,со цел да се обезбеди пристап до внатрешноста.Обидот завршил неуспешно.Има забележителни траги на удари со тврд предмет во внатрешноста на на гробот,но во дадената ситуација не може со точност да се дефинира.Оштетена е и новата летна трпезарија која што е обиена и покрадена.Однесени се сите предмети од позначајна врдност и недостига дел од опремата за подготвување на храна.



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved