МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Биографии на манастири и цркви
Манастирска црква Света Богородица с.Лешок
Манастирска црква Света Богородица с.Лешок
 Манастирска црква св.Богородица с.Лешок Манастирска црква св.Богородица с.Лешок

Старата манастирска црква св.Богородица од с.Лешок се наоѓа во југоисточниот дел на манастирскиот двор и е една од најстарите добро очувани цркви во Полог. Според историјски извори црквата е подигната врз постаро култно место во византискиот период кога Лешок бил градска населба. Истата била приклучена кон Охридската Архиепископија во 1019-та година од страна на Василије,со градот Леаскумцосу,

како што тогаш го нарекувале Лешок.Црквата се споменува и во 1326-та година,а била возобновена во 1641-та година и живописана во 1646-та година.Постојат сведоштва за нејзино повторно и делумно обновување во 1879-та година.За обновата на црквата дознаваме од сочуваниот натпис во фрескотехника,што се наоѓа над западната врата од внатрешната страна.Во него се вели дека во времето на игуменот архимандрит Силвестер,со помош на други свештеници кои се јавуваат како ктитори,црквата е обновена на 8-ми мај 1879-та година од раката на зографот Михаил Ѓурчинов и Панајот од Галичник.Со изградбата на новата манастирска црква св.Атанасиј и нејзино осветување во 1936-та година,оваа црква повеќе не се користела за богослужби и почнала постепено да се запушта.Во педесетите години на минатиот век Заводот за заштита на културно-историските споменици изврши градежна интервенција за да не дојде до поголеми оштетувања,бидејќи црквата била во многу лоша состојба.По својата основа,црквата е триколонално е решена,со должина на наосот 9,72 метри,широчина 3,46 метри.Во пределот на апсидата е широка 5,95 метри.Нартексот е долг 5,47 метри и широк 6,08 метри.Фасадните ѕидови биле ѕидани со бигорни блокови,рачен камен и тули.Западниот ѕид е ѕидан со разновидни камења.Над влезната врата има мермерна овална розетка,релејфно декорирана,на јужната страна има четири квадратни прозори и еден над влезната врата.На јужната страна од олтарот има врата.Црквата е 80 см во земја.Подот е со камени плочи,а плафонот е засводен.Покрај јужниот ѕид се наоѓаат столови.На западниот ѕид од јужната апсида се наоѓа и ариерејскиот трон кој е од 19 век.Во самата црква има големо богатство од фрески,мајсторски компонирани во просторот и не е оставен ниту еден дел од него да е празен.Насликани се многубројни ликови на светители,маченици и ангели.Црквата претставува една мала галерија,но богата на која човек може само да се восхитува,а е дело на мајсторската рака на зографите што ги нема во ниту една црква во Полог.Проучувајќи го живописот и сочуваните записи,историчарот на уметноста Велимир Цветановски открива дека тој е од два периода,од 17 и 19 век и  се толку мајсторски искомпонирани што претставуваат една целина за посетителот.Живописот на олтарот и нартексот  е од 19 век.Во олтарот тој е нанесен врз постари живописи,така да се гледаат три слоја.Живописот од 17 век е доста интересен,бидејќи во себе содржи елементи од класична византијска уметност од 14-ти век и белези на барокот.Живописот од 19-ти век,по својата уметничка вредност заостанува зад живописот од 17 век.живописот во наосот и на северниот и на јужниот ѕид е нанесен на пет зони за да се заврши со свод.Поаѓајќи од запад кон исток,живописот продолжува кон апсидите,и понатаму без прекин во олтарот.На северниот ѕид се наоѓа оштетениот натпис,кој при обновувањето на црквата бил обновен од страна на Скопско-Полошкиот митрополит Никанор кој бил родум од истото село.Од живописот во нартексот забележлива е композицијата Страшниот суд која е зографисана на целата површина на северниот ѕид.Ликот на Света Богородица е застапен повеќе пати во разни сцени,можеби единствено во Македонија,па и пошироко,како Господ Седржател кој е насликан три пати.Иконостасот е изработен во 1879-та година од галичанецот Михаил Ѓурчинов.Податокот се наоѓа запишан на иконата Милостива Богородица.Ѓурчинов овде не запознава со дарителите-лешочани кои материјално помогнале да се изгради иконостасот,па продолжува Се молам сите што придонеле за изградбата на Лешок,Бог да им даде здравје и духовно спасение.Иконостасот е поставен откако целосно е завршен живописот па тој на краевите е над ликовите на фреските.Сите икони се со изедначен квалитет и сите се евидентирани од страна на Заводот за заштита на културно-историските споменици поради квалитетите што ги поседуваат.Оваа црква која е споменик на културата не беше поштедена од страна на албанските терористи.Оштетувањата се направени на прозорите на јужната страна надворешно како резултат на неуспешен обид на обивање.Истите се со скршени стакла и оштетувања на крилата и заштитната мрежа.Надворешната влезна врата во олтарот (врата со димензии 85/150 см. масивна дрвена,обложена со лим и кована) е обиена со видни оштетувања на штокот  и крилото на вратата,вандалски растурена.Во олтарниот дел е разбиено и отворено ковчежето во кое имало црковни одежди и Свето Евангелие со позлатени корици.Светото Евангелие е украдено,а одеждите се уништени,расфрлани и изгазени.Малиот полилеј е искршен,уништен.На фрескоживописот и иконостасот нема оштетувања и нема украдени икони.


Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved