Во истиот потес се наоѓа и црквата посветена
на Светата Преподобна Мајка Петка-Параскева Трновска ,која што
се издига над селото. Истражувањата изведени во последниве неколку
децении во сверата на средновековната и поновата историја на
сакралната христијанска архитектура и ликовна уметност,најдобро
ги потврдија мислењата на истражувачите за импозантните богатства
наталожени низ вековите во Тетовскиот крај.И покрај многуте
познати и непознати разурнувања и грабежи низ вековите сепак
поголем дел од спомениците на христијанската култура се останати.Како
една од таквите е и црквата Света Петка од ова село.Таа датира
од XVI век или поточно од 1567 година.И покрај тешките услови
под Османлиско робство во 1641-та година црквата е обновена
и од тогаш го носи името Света Петка.Црквата е повторно реновирана
во 1884-та година и реновирањето траело до 1893-та година.По
Втората светска војна односно во 1958-та година црквата е повторно
реновирана и врз основа на законот на заштита на споменици на
Културата и природните реткости(Службен весник на Народна Република
Македонија број 11 од 15.06.1948-та година) е ставена под заштита.Во
1963-та година извршено е проширување на црквата од левата и
десната страна а подоцна и на предниот дел,односно на влезот.Во
1978-та година е извршена поравка на кровната конструкција а
во 1989-та година била комплетно заменета со нова.Во 1990-та
година извршена е реконструкција на влезниот дел со изградба
на ноа канбанарија,истата година извршена е реконструкција на
плафонскиот дел од доградбата.Во 1994-та година извршена е доградба
на скалите за приод до црквата.Во 2000-та година поплочен е
патот со бекатон од влезот па се до излезот од црквата,истата
година околу црквата е поставена нова ограда.Во 2003-та година
поплочен е со мермер олтарниот дел а во 2004-та година поставени
се врати на самиот приод на црквата ,истата 2004-та година поставен
е и нов крст на камбанаријата со пропорции 180см x 150см на
кој што е инсталирано неонско осветление,така да во ноќниот
период светлината на крстот доминира во радиус од неколку километри
и комлетно е заменета и дополнета електричната инсталација.
Црквата е еднокорабна со полукружен свод.Димензиите на црквата
се 1196x500 см.Масивните ѕидови се со дебелина од 70 до 80 сантиметри.Иконостасот
е со димензии 345 305 10 сантиметри и истиот поседува царски
двери во резбата.Олтарот има полукружна апсида и две централни
ниши.Таа денес има издолжена форма на еднокорабна засводна црква.На
првобитната источна половина од црквата подоцна бил додаден
западниот дел поради што денешниот изглед на издолжена форма
го добила во XIX век или поточно во 1884-та година.Градбата
на постариот дел датира од XVII што дознаваме благодарејќи на
извесени остатоци на фрески во олтарната апсида.Живописот во
црквата е од два периода.Првиот е од XVII а вториот од XIX век.Живописот
од XVII век се наоѓа во олтарот.Во ѓаконикот на олтарот е претставен
архиѓаконот Стефан со модел на црква.На фреската доминираат
зелени и кафеави тонови додека позадината е изработена од сина
боја.На фреската има натпис кој гласи:свештеник Аврам, попадија(нечитко),
свештеник Моме, ктитор Павле, (нечитко), Стано, Сретен, Стојан,
Цветан, Петко, Станоја и Јован.Од овој натпис дознаваме дека
ктитор на црквата бил Павле,засега непозната личност веројатно
поимотен селанин од Сиричино.Во втората зона лево од апсидата
насликан е свети Архангел Михаил а десно Пресвета Богородица
во сцената Свето Благовестение. Во средината на апсидата насликана
е Богородица Шишршаја која за жал е целосно ретуширана во XIX
век.На северниот ѕид од олтарот претставени се пророци во медаљони.Во
втората зона на северниот ѕид од олтарот претставени се старозаветните
пророци во медаљони,во истата зона на северниот ѕид насликани
се две фигури на светители и тоа свети Архиѓакон Стефан и свети
Архиѓакон Роман.Наос живописот од XIX век е следен: На јужниот
ѕид од наосот насликан е циклус од животот на Господ Исус Христос
Свето Благовестение,Рождество Христово,Крштевањето Христово
и Цветници,а на западниот ѕид циклусот продолжува со сцените:Молитва
на маслиновата гора, Предавството на Јуда, Господ Христос пред
Пилат, Распнувањето, Воскресението и Вознесението.Во втората
зона на јужниот ѕид се претставени:Свети Стефан,Цар Урош,Цар
Лазар,Свети Мина и други светители.На северниот ѕид од втората
зона се насликани:Свети пророк Илија, Свети Харалампиј, Свети
Макариј, Свети Кирил и Методиј и Света Петка.Посебно внимание
привлекува истакнатата претстава на сесловенските просветители
и учители Свети Кирил и Методиј меѓу кои стои свиок со испишана
црковно-словенска азбука и подолг текст со историска содржина:
"Свет Христов просвестает и вавилает младенци/свјати Кирил и
Методи и просветитељеј славјан-Свјати Кирил и Методи:Родиле
се во осмии век слет Христа во град Солун крестиле славјанските
племена:во лето 860 години во Преслав и Велика Морава".
Живописот од XIX век е со послаб квалитет и слободно можеме
да заклучиме дека зографот слабо ја познавал анатомијата на
човековото тело,ликовите се доста грубо моделирани но сепак
постои хронолошки распоред во раскажувањето со што се надополнува
недостатокот на сликарската техника.Над портите има краток натпис
кој што е доста оштетен но може да се прочита дека во градбата
на црквата учествувале сите селани од селото како ктитори.Црквата
поседува икони од XIX век и сите се нумерирани и евидентирани.На
иконостасот во Чинот има 25 икони додека во втората зона се
насликани престолните икони:Свети Архангел Михаил, Пресвета
Богородица со Младенецот Исус Христос, Господ Исус Христос и
Свети Јован Крстител.На царските двери вообичаено насликано
е Светото Благовестение,додека лево и десно од царските двери
насликани се сцени од стариот завет" "Создавањето на Адам",
"Создавањето на Ева", "Првородениот грев" и "Истерувањето од
Рајот".
|