МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Киднапирањето и измачувањето на свештеникот
Перица Бојкоски од село Беловиште
Киднапирањето и измачувањето на свештеникот Перица Бојкоски
Г-дин Кирил во посета на свештеникот Перица Бојкоски
Г-дин Кирил во посета на Перица Б.

Свештеникот Перица Бојкоски од село Беловиште повеќе пати бил киднапиран од албанските терористички банди. Првото терористичко малтретирање свештеникот го доживеал уште на 14 јули 2001 година. Тогаш од селото Беловиште свештеникот се упатил кон селото Доброште за да ги изврши богослужбените работи. Албанските терористички банди најпрвин го пречекале во селото Одри.
За ова тој вели:"Откако ме легитимираа, грубо ме извлекоа од автомобилот и почнаа да ме тепаат со палки и по некое време ме пуштија".
Веројатно албанските терористи помислиле со ова застрашување дека свештенослужителот ќе се откаже од својата љубов кон Бога и од својот македонски народ. Бидејќи тој продолжил неустрашиво не само да богослужи, туку и да обезбедува хуманитарна

помош за луѓето од опколените села од балистичките терористички банди и да го крепи нивниот дух со љубовта кон Бога, задржувајќи ги на прадедовските огништа, терористите неговото име го ставиле на "црната листа".
Албанските терористи и понатаму не го оставаат македонскиот свештенослужител во спокој да ги извршува Богослужбите во македонските православни цркви и во домовите на Македонците и на другите православни христијани во парохијата. Повторно го пречекале на 9 август 2001 година кога со неговиот соселанец Перо Марчевски се упатил кон селото Глоѓи на извршување помен-парастос.
"Во селото Доброште бевме стопирани од двајца униформирани терористи на чии униформи беа ознаките на УЧК. Откако нe легитимираа и ни ги одзедоа мобилните телефони, документите и сите пари што ги носевме, почнаа прво мене да ме тепаат. Преку мобилните телефони повикаа и други. Во селото Доброште нe натераа да влеземе во нивните автомобили и потоа нe однесоа во селото Џепчиште. Таму нe сместија во една плевна. Нe испрашуваа за сe: колку Македонци има во селата, колку полицајци и војници има, со какво и колку вооружување располагаат и кои се резервните полицајци? Откако видоа дека не добиваат ништо од бараното, почнаа да нe тепаат со пушките, со боксови, со клоци... Мене ми ја ставија цевката од еден пиштол во уста, потоа ни ги врзаа рацете и нозете и откако ни ставија вреќи врз главите за да не гледаме каде нe водат, нe ставија во нивните

автомобили и нe одведоа во некој подрум."
Понатаму тој продолжува: "Таму нe пречекаа 15 момчиња во цивилни облеки кои со палки продолжија да нe тепаат и да нe испрашуваат. Кога им реков дека сум свештеник, уште посилно продолжија да ме тепаат. Сум паднал во бесознание и само почуствував како Марчевски ме освежува со вода. Кога се освестив, терористите продолжија да ме

Тешките повреди по телото на свештеникот Тешките повреди по телото на свештеникот

тепаат со палки. Ми се закануваа најпогрдно, а потоа нe ставија во нивните автомобили и нe донесоа до нашиот. Тогаш забележавме дека нашите малтретирања продолжиле во селото Доброште. Се вративме со Марчевски во Беловиште и откако забележав дека исфрлам крв побарав лекарска помош."
Покрај надворешните траги по телото од мавање и со тешки повреди, добил внатрешно крварење и подоцна е пренесен со хеликоптер на лекување во Воената болница во Скопје. Свештеникот во болницата бил примен со нагмеченици и крвни подливи речиси по целото тело.
Лекарите ја констатираа следната состојба: на грбот, рацете од рамениците надолу, нозете од колковите и на сите страни по телото биле забележливи модрица до модрица.
Првите зборови што ги изговорил биле: "Ме тепаа и ме тераа да пеам како оџа и да пеам албански националистички песни. Одбив. Јас сум свештеник на Светиклиментовата Македонска православна црква и како оџа никогаш нема да запеам, а бидејќи сум од прадедо Македонец никогаш нема да запеам албански националистички песни".
Невидените ѕверски мачења на свештеникот Перица Бојкоски од албанските крвопијци ја вознемирија јавноста. Неговите невидени страдања се комплетно документирани и доставени до ОБСЕ и до други институции на меѓународната заедница.
Македонските богослужители од Полошко-кумановската епархија, на чие подрачје се водеа борбите за одбрана на територијалниот интегритет, на суверенитетот и на православното достоинство на Македонија и на македонскиот народ, никогаш и со ништо не придонеле за да бидат третирани како нечии непријатели. Токму од нивните благородни раце беа хуманитарно помогнати бегалците од Косово.
Никој и никогаш не ќе дознае се за раните отворени од албанските ѕверови во душата на свештеникот.



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved