Но,секако,и Господ ја избрал младата Недела
да биде Негов свидетел преку страданијата што ги претрпи за
Христа како и со прекрасната нејзина убавина надворешна и внатрешна.Иако
сеуште млада нејзината појава пленува и станува предизвик на
многу млади кои ја бараат нејзината рака.Но Божјото провидение
било поинакво.Таа требала да биде "стена" врз која Господ
ќе ја гради Својата Црква.И навистина многу момчиња,цареви,кнезови,управници
се сопнувале и паѓале пред нејзината стаменост и наместо невеста
на обичен смртник,таа постанува невеста и следбеничка на бесмртниот
Христос Господ.Заради тоа, младата Недела и нејзините родители
биле наклеветени кај властите и подложени на разни маки при
што нејзините родители маченички го завршиле својот живот,а
нивната ќерка била испратена во Никомидија,престолнината на
источната Римска империја кај кесарот Максимијан за да биде
судена.И таму младата христијанка јавно и без страв ја исповеда
Христовата вера.Кесарот и војниците се вчудоневидени како маченицата
со песни и молитви ги поднесува страшните мачења.Притоа,светата
маченица ќе му рече на мачителот:"Не измачувај,се Максимијане,никогаш
не ќе можеш да ме подчиниш на својата волја,зашто Бог е со мене,Он
ме крепи и ми помага".Откако ја виде решеноста и силната
вера,на младата Недела,да ги издржи сите страдања,кесарот ја
испраќа кај управителот на Витинија,Иларион.И таму божјата благодет
е со св.Недела.Воведена во идолски храм за да принесе жртви
на идолите,таа се моли на својот Бог при што настанува
силен земјотрес,и сите идоли се претворија во прав и пепел а
самиот Иларион загинува.Наследникот на Иларион,уште пожесток
непријател на христијаните Аполониј изнаоѓа уште пожестоки методи
за мачење.Ја врзува,младата маченица,потоа ја фрла в темница
каде немилосрдно ја измачуваат,ја бичуваат...Но,ако е Христос
со нас,кој ќе биде против нас.Додека невината девојка лежеше
во темница целата во рани и се јавува Христос Господ,ја исцелува
и и вели:"Не плаши се од маките,Недело,Мојата благодет е со
тебе".Следниот чекор на мачителот е оганот.Во огромните
огнени јазици се фрла маченичката за да изгори.Но,таа и овој
пат се моли кон својот Бог и од наполно јасното небо паѓа силен
дожд и го гаси огнот,а светата маченица е повторно здрава и
жива.И дивите ѕверови пред кои беше фрлена за да ја растргнат
постануваат кротки како јагниња и легнуваат покрај нејзините
нозе.Гледајќи ги овие чудеса многу незнабожци поверуваа во вистинскиот
христијански Бог,но сите беа со меч пресечени.Тогаш св.Недела
му вели на Аполониј:"По никој начин не можеш да ме одвратиш
од мојата вера.Ако ме фрлиш во оган,ги имам за пример Трите
Отрци;ако пак ме фрлиш пред ѕверовите,го имам примерот на Данило;ме
фрлиш ли во морето го имам примерот на Јона;ако пак ме предадеш
на меч,ќе се сетам на чесниот Претеча.За мене живот е-да умрам
за Христа".И кога најпосле беше предадена на џелатите да
ја погубат со меч,таа ги замоли да и дозволат,да се помоли на
Бога,пред да се изврши пресудата.Последната желба и ја исполнија,но
тоа беше и последен нивен пораз,затоа што додека се молеше,Бог
ја прими нејзината душа,па мечот на мачителите не ја допре нејзината
глава.А нејзината молитва кон бога беше:"Бог да ги помилува
и спаси сите кои ќе го слават мојот спомен,а мојата душа да
да ја упокои заедно со душите на моите родители".Веднаш
по нејзиното блажено претставување се слушна глас од небото
упатен кон војниците,кој рече:"Одете браќа и раскажувајте
на сите за големите дела Божји".Света Недела чесно пострада
и се пресели во вечна радост на својот Господ на 7/20 јули 289-та
година.Светата Православна Црква на тој ден не потсетува на
нејзината љубов,на нејзината непоколеблива вера и надеж дека
ако за Христа и умре ќе живее-во споменот на луѓето и вечното
Царство Божјо.Иако и беше ветуван удобен,убав и раскожен живот
на земјата,светата маченица,не посака ни брачна постела,ни палати,ниту
богатства,ниту телесни наслади.Таа се вети на Христа и Бог ја
исполни со сила на Светиот Дух,со која ги победуваше оние кои
ја мачеа и ги рушеше идолите пред кои ја тераа да се поклони.Светата
маченица Недела,благочестиви христијани,и по нејзината кончина,продолжи
да живее на земјата кај сите што го честат нејзиното име и го
почитуваат нејзиниот спомен.Таа е закрилничка и молитвеница
пред Бога за сите оние што ќе ја побараат нејзината помош.
Нашите Православни верници не прават разлика помеѓу недела како
седмичен ден и "св.Недела" како празник посветен на св.Недела.Света
Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела,и
тој е еднаш во годината,на 20 јули.Св.маченица Недела е секогаш
на една иста дата,а секоја година го менува денот.Додека пак
седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот
наш Господ Исус Христос.Заради Христовото Воскресение се слави
и денот-недела.Оти секоја недела е всушност мал Велигден.Затоа,правете
ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и св.Недела.
|