дека несака да ги извршува неговите заповеди,
веднаш наредил да му ја одземат власта и да го затворат. Набргу
потоа и самиот цар дошол во Солун, лично да се увери во тоа
што чул за својот сакан војсководител. Кога го извеле пред него,
светителот јавно признал дека е христијанин уште од најраното
детство, дека верува во Спасителот Христа и дека христијанската
вера ја просветлува неговата душа и му давала храброст во најопасните
борби против непријателите на римската империја. Притоа не пропуштил
да го изобличи и царевото идолопоклонство. Царот, бидејќи го
сакал, го убедувал да се откаже од верата и да ја прими послушноста
кон царот, ветувајќи му уште поголеми почести. Но, кога увидел
дека светителот е утврден во својата вера и дека уште посилно
ја исповедува, царот наредил жестоко да го измачуваат. Во затворот
му се јавил ангел Господов и му рекол:"Мир на тебе, Христов
страдалниче, биди мажествен, силен и крепи се". Измачувањата
траеле со денови, но верата на светиот Христов маченик станувала
се посилна. Најпосле царот наредил да го избодат со копја.
Ете така, во 306 година вистинскиот Христов војник и маченик
пострадал. Тој жртвувал се: и богатство што го наследил од своите
родители и власта и честа што му била поверена, но затоа ја
запазил својата вера во Бога и ја сочувал својата душа за вечен
и блажен живот во Царството Небесно. Не посакал ништо што е
земно за да го спречи небеското и вечното-да биде пред Бога
вечно жив и преку него да делотвори со својата чудотворна исцелителска
моќ.
Браќа и сестри и нашиот благочестив македонски народ дал безброј
маченици за запазување на чистотата и убавината на нашата прадедовска
вера во Бога и за запазување на својата Православна Светиклиментова
Црква. Ги дал Св.Ѓорѓи Кратовски, светите Агатангел и Нектарие
Битолски, Св.Злата и Иларион Мегленски и илјадници знаени и
незнаени Православни Македонци, кои славословувајќи Го со песни
Господа, оделе смело во маченичка смрт, несакајќи да ја разменат
за ништо татковската христијанска вера. И тие жртвувале се на
земјата, за да го спечалат небесното и вечното.
Денес пред нас се поставува свет долг, да ја продолжиме и да
ја пазиме верата на нашите татковци и дедовци, да живееме евангелски,
да бидеме добри, честити, да работиме и да придонесуваме за
доброто на нашиот народ и за целиот христољубив и мирољубив
народ во светот, зошто сите народи во светот се чеда Божји,
без оглед на нивната нацинонална или расна припадност. АМИН!
|