Св. Григорие Богослов: Уште како малечеок
бил воспитуван во божествените добродетели и поуки минувајќи
низ општото енциклопедиско филозофско образување. Но, понатака,
целиот се посветил на изучувањето на божествената наука на Светото
Писмо.Ги изучил сите книги на Стариот и Новиот Завет подобро
од кој било друг. Тој се збогатил со просветелен живот. Ова
нешто најдобро го покажуваат неговите дела кои се напојуваат
од живата и богооткриена вистина содржана во неа.
Втор важен момент од неговото христијанско образование, треба
да се смета неговиот престој во пустината кај тиваидските монаси
и посебно кај големиот ава Антониј Велики, родоначелник на православното
монаштво. Враќајќи се од пустината во Александрија, Св.Атанасие
бил воведен во редот на клириците и бил близок соработник на
Александрискиот Архиепископ Александар. Истиот Архиепископ го
ракоположил во чин ѓакон и како таков му постанал секретар.
Во тоа својство тој учествува на Александрискиот собор во 319
година, на кој собор бил осуден Арие. Во тоа време во Александрија
верските расправии и еретичките учења ја потресле Црквата. Особено
Ариевото лажно учење кое внесувало збрка меѓу свештенството
и народот. Да би се прекратиле верските расправии, одржан е
Првиот Вселенски Собор во Никеја во 325 година, кој го осудил
Ариевото учење и во символот на верата е утврдено вистинското
и црковното верување.
Првиот Вселенски Собор ја осудил Ариевата ерес поради неговото
порекнување и отфрлување на традиционалната црковна вера во
Божеството на Синот Божји, Второто лице на Светата Троица. Една
од најголемите интелектуални фигури на тој собор бил младиот
учен архиѓакон Атанасиј, кој со доказите од Светото Писмо и
сугестивните зборови, ги соборил сите лажни учења. Неговите
усмени и писмени творби се најдобра апологија(одбрана) на христијанското
учење.
После смртта на Александар, на патриаршискиот престол бил избран
Св.Атанасиј за Архиепископ Александриски. Во овој чин архиепископски
останал преку 40 години. Речиси целиот живот бил гонет од еретиците.
Неговите противници, чиј број бил голем и меѓу самите епископи,
започнале со огорчена борба. Се што може човечката злоба да
измисли е направено против Св.Атанасие. Од царевите најмногу
го гонеле: Констанциј, Јулијан и Валент, од епископите Евсевиј
Никомидиски со уште многу други, а од еретиците Арие и неговите
следбеници. Бил принуден да се крие од гонителите дури и во
бунар, по приватни куќи и пустини. Во две прилики морал да бега
во Рим.
Последните денови на својот живот ги поминал во мир како патриарх
во Александрија. Овој голем светител, непомирлив борец за вистината,
бил гранитен столб на црквата. Малку кој од светителите биле
така безобзирно клеветени и толку страшно гонети како Св.Атанасие.
Но неговата голема душа, се трпливо поднесувала поради љубовта
Христова и на крај излегла победничка од целата таа страшна
и долготрајна борба. Неговата победа била и победа на Светото
Евангелие.
Свети Атанасие го предал својот дух на Господа 373 година на
18 јануари.
Од многу одамна посведочена е вистината дека, само оној човек,
кој мисли дека на оваа земја е само привремен граѓанин и патник,
должност му е да се уподоби на Бога, се додека е уште овде на
земјава, да се спрема за небесното царство. Но, за да се постигне
ова, потребна е голема борба за добивање христијански добродетели.
Само таквиот христијанин смета дека овој свет е привремен, а
тоа е средство преку кое може да се дојде до Небесното царство.
Вака мислел и работел и Св.Атанасие. Таквиот негов живот го
прославил и на небото и на земјата, бидејќи неговата голема
душа се трпеливо поднесувала поради љубовта Христова, така што
на крајот излегла победоносна од целата таа страшна и долготрајна
борба.
Исто така и ние треба да се угледаме на жртвувањето и истрајноста
на Св.Атанасие. Нас нема кој да не мачи како Св.Атанасие освен
нашите страсти и гревови, кои треба да ги совладаме и победиме.
Само тогаш достојно и од полза ќе го славиме неговиот спомен.
АМИН!
|