краци. Се претпоставува дека објектот бил
граден во две фази,прво како еднокорабна црква, која подоцна
била проширена. Дека овој локалитет некогаш бил епископско седиште
ни укажуваат остатоците на пронајдената фрескоживописана крстилница,
мала капела, како и остатоци на други придружни објекти кои
биле утврдени со кули и бедеми.
Локалитетот Градиште е интересен и по тоа што претставува Словенски,
Македонски град кој што подолго време егзистирал веројатно до
XIV век, кога тука пустошеле војските на Везирот Синан Паша.
Градот имал три тераси а на највисоката се наоѓал манастирот
св.Илија, во подножјето се наоѓала една цистерна од која што
градот се снабдувал со вода за пиење. Трите ѕидови кои симетрично
се распоредени околу месноста зборуваат
|