на реставрирање на иконостасот во црквата
св.Петка.Тој вели дека пристапот кон реставрација и конзервација
на иконостасот е многу сличен на пристапот кој што се врши и
при реставрација на фрескоживописот.
По извршениот увид констатирано е дека постојат многу наталожени
слоеви на прав,чад,црвоточина,наталожени маснотии. При тој увид
констатирано е дека постојат и иструлени носачи на иконостасот.Се
почнува со чистење хемиско и механичко на иконостасот,а потоа
се преминува на хемиска заштита односно импрегнација на иконостасот
(заштита од паразити односно инсекти). Понатаму се врши фиксирање
на конструкцијата,се разбира на тие места каде што е тоа потребно.
По извршената конзервација на иконостасот се врши превентивна
заштита на иконите.
За одлично завршената реставрација и конзервација на фрескоживописот,
што може да се забележи преку фотографиите што транзитираат(а
за иконостасот не бевме во можност да обезбедиме квалитетни
дигитални фотографии),ретко кој може да даде забелешка. Посебен
впечаток ни остави нивната трудољубивост, љубовта кон
реставратоскиот занает, љубовта кон Христијанската култура и
уметност. Се уверивме дека овие скромни ликовни уметници,иако
поседуваат исклучително висок квалитет кога е во прашање ликовната
уметност,тие го избрале реставраторството како специјалност.
За илустрација може да се наведе следново, кога ја започнаа
реставрацијата во црквата св.Петка воопшто не наликуваа на препотентни
ликовни уметници кои говорат неразбирливо за обичниот човек,
туку гребаа по масивните ѕидови на старата половина милениум
црква,инсталираа градежни скелиња така да некој неупатен во
нивната работа дојдеше во црквата можеше да помисли дека пристигнале
ѕидари, а не уметници. Големината на овие скромни уметници-реставратори,
кои што се од светска класа, е во тоа што го избрале реставраторството
како занает, иако со нивната дарба можеле а и сеуште можат,као
многуте ликовни уметници што ги има ширум Република Македонија
да си седат дома со семејството да си насликаат некоја икона,
портрет или пејсаж и да заработат два пати или три пати повеќе.
Затоа од се срце им благодариме,им благодариме што ни го вратија
оригиналнит амбиент на црквата св.Петка-Параскева од дамнешни
времиња. Затоа му се молиме на Бога, секогаш да внимава на нив.
|