Make your own free website on Tripod.com
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Добредојдовте на веб сајтот на
Тетовското Архиерејско Наместништво
Полошко Кумановска Епархија
Митрополит Г-дин Кирил
Г-дин Кирил

Епархијата Полошко - Кумановска го зафаќа северозападниот дел на Република Македонија и е дел од живиот организам на Македонската Православна Црква.Надлежен епархијски архиереј е Митрополитот Кирил и тоа од 1971-та година па се до денес. Во Полошко-Кумановската епархија функционираат сите нејзини органи и тела.Епархијата се состои од пет архиерејски намесништва и тоа се следниве:
Тетовското архиерејско намесништво,
Гостиварското архиерејско намесништво,
Кумановското архиерејско намесништво,
Кратовското архиерејско намесништво и
Кривопаланечкото архиерејско намесништво.
Оваа епархија обединува околу двестотини илјади верници Православни Христијани.

Преку пете архиерејски и наместници и преку црковните и манастирските настојателства се координираат работите на црковно-духовен и финансиско-материјален план на целиот нејзин простор.Сите работи се извршуваат волонтерски или пак со симболичен надоместок. Административно-организационата дејност од секогаш е на завидно ниво,се извршува од надлежниот Епархиски архиереј и секретарот на истата.Поради не големиот борој на верници во склопот на оваа епархија ,од која многу се преселени во прекуокеанските и европските земји,или миграцијата на населението од селата воглавно во престолниот град на нашата суверена држава,голем број на селски парохии со текот на времето беа крајно осиромашени .Еден подолг временски период во нив како да престана да пулсира не само црковно - духовниот туку и секаквото живеење.Со големи напори и лична посета на Епархискиот архиереј и неговите најблиски соработници скоро во сите и најодалечени селски населби отпочна повторно да заживува верата со сите други форми,што овие селски населби ги направи да бидат повторно животворени.Не се допушти да згасне кандилцето на светото Православие пред ликот на Спасителот Господ Исус Христос,Пресвета Богородица,вечно живите пред Бога Свети Климент и Свети Наум Охридските чудотворци и пред ликот на сите светии и молитвениците,застапниците пред Бога за вековито опстојување на нашиот благороден Македонски народ,и на овие простори на светата библијска и апостолска Македонска земја. Во склопот на просторот од оваа епархија на Родната Мајка Светиклиментова Македонска Православна Црква има :202 цркви,28 манастири ,54 параклиси и 194 култни места каде што се поставени крстови на кои во годината по разни поводи се собираат голем број верници.По архиерејските наместиштва е следната прегледност:

Архиерејско наместништво Тетово:72 цркви,10 манастири,6 параклиси и 1 крст.
Архиерејско наместништво Гостивар:45 цркви,6 манастири,20 параклиси и 4 крста.
Архиерејско наместништво Куманово:60 цркви,8 манастири,9 параклиси и 120 крста.
Архиерејско наместништво Кратово:12 цркви,3 манастири,9 параклиси и 19 крста.
Архиерејско наместништво Крива Паланка:13цркви,1манастир,7параклиси и 50крста.

Од 1971-та година заклучно со 1996-та година во оваа епархија се извршени 66,753 крштевки.Оваа епархија има 38 активни свештеници и неколку пензионери.Во текот на овие години се изградени 26 цркви ,11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и задушници.Над поголем број цркви и манастири извршени се целокупни санации и реставраторски работи со што се заштитени од понатамошно пропаѓање.

Негово Вископресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски
Господин Кирил (Никола Поповски)

Роден е на 23.06.1934-та година во селото Царев Двор(Преспанско).Основното образование го завршува во своето родно село,а богословијата во Призрен. Во 1964-та година се замонашува во манастирот Света Пречиста кај Кичево.Извесно време работи како службеник во Македонската Архиепископија,по што во 1965-та година запишува студии на Московската духовна академија,каде што по двегодишно студирање е повикан да се врати во татковината,па во 1967-та непосредно пред возобнувањето на автокефалноста бива хиротонисан за архиереј Тиверополски.Целосно теолошките студии ги завршува на Богословскиот факултет "Свети Климент Охридски" во Скопје.По возобнувањето на автокефалноста на МПЦ е поставен за надлежен ариереј на Американско-Канадско-Австралиската епархија со која раководи до 1985-та година.Од 1971-та година е назначен и за администратор на Полошко-Кумановската епархија а подоцна и нејзин митрополит на која функција се наоѓа и денес.Зборува руски и се служи со англискиот јазик.

Преземено од Macedonian Orthodox Church


Тетовско Архиерејско Наместништво
Соборен храм св.св. Кирил и Методиј-Тетово Свештениците при наместништвото

Тетовското архиерејско наместништво е со седиште во Тетово,сместено во соборниот храм подигнат во чест на "Свети Свети Кирил и Методиј". Наместништвото има осум парохии а нив ги опслужуваат девет свештени лица. На неговиот простор има изградено седумдесет и две цркви, десет манастири,шест параклиси и еден крст.
Наместништвото обединува според податоци од 2001-та

година околу осумнаесет илјади верници Православни Христијани,но поради војната нивниот број денеска не е потврден. По паррохии во наместништвото е следнава прегледност:
-Црквата "Свети Свети Кирил и Методиј" од Тетово има две парохии.Едната ја опслужува протојереј Предраг Исаевски а другата протојереј-ставрофор Мирко Станковски.Покрај поголемиот дел на градот Тетово во составот на овие две парохии се и селата: Џепчиште, Једоарце, Отуње, Сетоле, Непроштено и Лукојца.
-Црквата "Света Богородица" од Тетово има една парохија која ја опслужува протојерејот Томислав Јосифовски,таа покрај дел од градот ги опфаќа и селата: Сараќино, Долно Палчиште и Мала Речица.
-Црквата "Свети Никола" од Тетово има една парохија која ја опслужува протојереј-ставрофор Ратко Милановски,а во состав на оваа парохија покрај дел од градот опфатени се и селата: Лавце, Долна Лешница и Требош како и манастирскиот комплекс "Свети Атанасиј" кој што се наоѓа на местноста Балтепе над Тетово.
-Милетинската парохија ја опслужува свештеникот Ненад Ѓорѓевски и таа ги опфаќа селата:Милетино,Челопек,Блаце,Теново,Стенче,Волковија и Радиовце.
-Брвенечката парохија ја опслужува протојерејот Љубиша Блажевски и таа ги опфаќа селата:Брвеница,Седларце и Фалише.
-Теаречката парохија ја опслужува протојереј-ставрофор Димитрије Крстески и опфатени се селата: Теарце, Отушиште, Лешок, Слатино, Ратае, Варвара, Брезно, Жилче, Шемшево и Прељубиште.Во составот на оваа парохија е и манастирскиот комплекс "Свети Атанасиј" и "Света Богородица" од с.Лешок.
-Сиричинско-Раотинската парохија ја опслужува свештеникот Дарко Наумовски а опфатени се селата: Сиричино, Туденце, Копанце, Раотинце, Јанчиште, Подбреѓе и Јегуновце.
-Вратничката парохија ја опслужува свештеникот Перица Бојковски .Таа ги опфаќа селата: Вратница, Старо Село, Рогачево, Беловиште, Одри, Доброште, Глоѓи, и Јелошник.
Во последнава деценија е посебно нагласена иницијативата на верниците за обновувње и подигање на нови цркви ,која е масовно подржана од верниците преселени во западно-европските и прекуокеанските земји.Се подигаат нови цркви и црковни придружни објекти што е доказ за зголемената потреба на населението за црковно и духовно живеење.За жал за време на војната во 2001-та година значителен дел од црквите што ги обединува Тетовското архиерејско наместништво претрпеа сериозни оштетувања.Тие беа намерна цел на лица кои што немаат човечност ниту верба во Бога.Сепак ова лошо искуство не го поколеба богољубивиот Македонски народ,туку го направи уште поцврст и решен обединет под Светиот Крст на Македонската Православна Црква да опстои на просторите на светата библијска и апостолска Македонска земја, се додека светот светува и векот векува.


Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved