Make your own free website on Tripod.com
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Кај селото Туденце - Тетовско
откриена е црква градена во VI век
Кај селото Туденце откриена е тронишна црква градена во VI век
Остатоци од новооткриената црква Остатоци од ново откриената црква

Познато е дека триконхалните култни објекти поврзани со христијанскиот култ на мртвите, датираат уште од третиот век. Нивното форсирање во ранохристијанската архитектура е особено нагласено во шестиот век. И оваа новооткриена црква датира уште од тој период, поради што ви соопштуваме за најстарата триконхална (конха - кружна статична ниша) црква во Македонија, откриена до сега вели проф.д-р. Виктор Лилчиќ

од Институтот на историја на уметност и археологија при Универзитетот "св.св.Кирил и Методиј" во Скопје. Вакви слободни тронишни градби Македонија има во охридскиот крај,но тие датираат од деветиот век, вели професорот д-р Лилчиќ. Од таков тип се: "св.Пантелејмон" на Плаошник,"св.Наум" и др. Според остатоците, градбата е инзовредно цврста, со масивни ѕидови, широки просечно еден метар, архитектонските остатоци упатуваат на сводесто решение на покривот, како и на можни обновувања во средновековието. Археолозите откриле најмалку две олтарни столбчиња со, како оценува проф. д-р. Лилчиќ, елементи на висока доцно античка база и јустинијанови детали. Откриениот капител припаѓа на рудиментиран коринтски тип. Токму поради овие елементи потеклото на црквата е предатирано на втората половина од шестиот век. Според тоа, овој триконхален христијански објект заслужува специјално внимание, оценува проф.д-р.Лилчиќ, апелирајќи на подршка за целосно откривање на објектот и негова конзервација.

На северната страна од црквата се наоѓа просторија за која свештеникот Дарко Наумовски претпоставува дека била крштилница а на самиот влез на просторијата е пронајден гроб во кој се пронајдени мошти на засега непознато лице. Претпоставките одат до таму дека постои можност во определен период местото каде што се пронајдени моштите да било полнето со вода и служело за покрстување на возрасни лица, а подоцна со целосна христијанизација на населението неговото постоење станало излишно и на тоа место било погребано некое значајно лице.
Локацијата на црквата е на планината Жеден, над селото Туденце на доминантниот рид Бучало, од кој што целосно се гледа полошката котлина. Местноста е наречена Црквиште и пред да се открие локалитетот

Столб со јустинијанови детали

претставувало омилено место за пикник на населението од с.Туденце, а откривањето на црквата е посебен куриозитет. Во почетокот на февруари 2004-та година, Тихомир Крстовски на полу сон му се јавил св.Ѓорѓија и му се обратил со следниве зборови:
-Доста ме газите, дојдете да го отворите моето место.
Тихомир оваа порака што ја добил на сон прво не ја сватил сериозно, но кога сонот пак се повторил малку подисплашен, заминал на местото Црквиште, почнал да копа. Копајќи, по извесно време ги забележал остатоците од црквата, веднаш слегол долу во селото и го известил населението од с.Туденце кое што веднаш му се придружило во потрагата. Населението од с.Туденце под надзор на Музејот на тетовскиот крај, речиси еден месец го расчистуваа теренот на месноста Црквиште за да се добие сегашната слика на локалитетот.
Мистиката на локалитетот ја зголемува бучавата која што се слуша на ридот Бучало, која што доаѓа од процепот на ридот. Според професор д-р.Лилчиќ воздушната струја која што доаѓа од ридот во минатото била доста голема, но со текот на времето процепот бил исполнет со камења и земја. Според него на местноста Црквиште можеби постои антички храм или мавзолеј, или подоцнежен објект поврзан со култот на мртвите.

Дел од информациите се преземени од дневиот весник "Време", 05.03.2004-та година.



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved