МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Биографии на манастири и цркви
Биографии на црквите кај селото Теарце - Тетовско
Биографии на црквите кај селото Теарце - Тетовско
 црква Новата црква св.Димитриј Солунски с.Теарце

Селото Теарце се наоѓа непосредно од левата страна на патот Тетово - Јажинце и претставува седиште на истоимената општина. Селото е рамничарско и се наоѓа на 540 метри надморска височина. Од Тетово селото е одалешено 10 километри. На североисток е соединето со селото Отушиште, а на југозапад е поврзано со селото Слатина. Низ селото поминува дел од реката Бистрица.Во турските документи

документи од 1468-та година Теарце не се споменува,но на три места се споменува селото Отушиште.Двете села се задолжени со данок од воденици и валалници.
Според географската положба на Теарце од оној период селото Теарце немало воденици и валалници,бидејќи на неговото место немало ниту река,ниту јаз.Во тој случај едното Отушиште од Турските документи може да се однесува на Теарце,кое имало 13 македонски семејства.Во следните пописи од 1568-та година,Теарце се забележува со две имиња Теарце и Рушина и имало 10 семејства.Интересно е тоа што во 1468-та година двете имиња не се споменуваат.Подоцна,името Рушина се напушта за да остане само името Теарце.И во вториот попис Теарце односно Рушина нема даноци за воденици,за ралика од селото Отушиште кое има.Селото Теарце е едно од поголемите подпланински села,родно место на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ.Со своите цркви било метох на Лешочкиот манастир Свети Атанасиј.Постои верување дека Теарце е и постара населба,а се споменува во врска со исчезнатото село Велика Врбица од каде подоцна целото население се иселило.
Постарото име на Теарце е Техарце што е втор назив на селото и тоа претставува етничко име.Топонимот Техари е добиен од родовското име Техарови,образувано од личното име Техар што преведено од грчкиот јазик означува "Оној кој има љубов Божја".Во старите записи како катастарска документација е забележано дека постоеле четири или пет цркви посветени на повеќе светители како што се "Свети Никола","Света Богородица(Ќелие)","Свети Атанасиј","Свети Ѓорѓи" и "Света великомаченица Марена (Огнена Марија)" или "Света Марена".Но за жал,поради големиот робски период од турското владеење,црквите се речиси целосно уништени и понекаде се познаваат само дел од ѕидовите на некогашните цркви.
Во 1954-та година на околу 500 метри од селото Теарце,имало мала тумба обрасната со трева,за која меѓу народот постои предание дека на тој локалитет постоела црква.Во истата година местото било расчистено и пронајдени се темели од една црква.Таа била еднобродна со купола.Била соѕидана од кршен камен,поврзан со малтер.Југоисточниот ѕид бил сочуван над темелите,во градежот се констатирани се редови од средновековни тули.При ископувањето на црквата се откриени остатоци од фрескоживопис,фрагмент од мермерен иконостас и повеќе фрагментирани градежни ќерамиди.Околу самата црква постоеле остатоци од гробови кои во поголем дел се уништени при обработувањето на земјата.При прекопувањето на гробовите месните жители наоѓале богати прилози,од кои за жал не е зашувано ништо.Судејќи врз основа на најдените фрагменти од фрескоживопис,фрагмент од мермерен иконостас не упатува на претпоставка дека црквата постоела уште пред доаѓањето на Турците во овие краишта.Црковниот одбор во 1980-та година донесе одлука да се возобнови оваа црква која била посветена на Света Марена,но сеуште истата не е осветена.
На околу 200 метри од селото се наоѓа месноста Градиште кое зафаќа доста големо пространство.На една мала височина во оваа местност има урнатини од црква чиј источен дел е сочуван во височина од 1.5 метри.Судејќи врз основа на целокупните податоци,во оваа местност се наоѓала средновековна населба од словенскиот период.На местото наречено Ќелие кое се наоѓа на еден километар одалечено од селото до пред повеќе години беа забележливи темели од некогашна црква посветена на "Успение на Пресвета Богородица".На иницијатива на жителите од истото село во 1975-та година се започна со изградба на истоимената црква.При ископувањето на темелите пронајден е камен натпис кој гласи "Во имја Оца и Сина и Свјатаго Духа.Разумејте христијани мога како се потруди,аз грешни Илија,помени Господи свештеника.Еле имаше чин па беше нишчи...(калуѓер) и убоги од много...Бога ради Пречисти Его Матер беше до конца...уште по и сврши...Во нужно (турско) време при царја Османа б тоа време отиде војска на Лех,беше велико зло.. брат от света потруди пак и е соградимо.Ру Ули Ана-Митрополит Илија".Истиот камен сега се наоѓа во Заводот за културно-историски споменици на Република Македонија.
Црквата денес е изградена,но не е осветена.На местото на старата црква во Вакал маало постоела црква посветена на "Свети Никола" и на истите темели во 1866-та година е изградена денешната црква,посветена на истиот светител.Црквата е трибродна базилика со галерија и петострана апсида со димензии 16,10 x10,10 метри.Поседува инзворедни архитектонски и естетски квалитети,а во однос на декориративните елементи во дрво со функционални карактеристики (таваници,капители,иконостас).Обработка на таваницата е дело на голем градител што ја изработил централната слепа калота,каде успешно ги комбинирал елементите од дрво,на кој што подоцна доаѓа живописот.
Посебно вешто се изработени и вклопени во целината столбовите,певниците,ѕидните ниши,заедно со скулптурната пластика на иконостасот.Сите овие елементи се успешен спој на народно ткаење низ вековите.Влезот е од југ и централно од запад,преку дограден дел-трпезарија.Носивната конструкција се ѕидови со димензии 85-90 см,зајакнати со скелетна АБ конструкција од столбови и греди со димензии 30x30 сантиметри.
Централниот простор е повисок од двата бочни за 170 сантиметри во рамна таваница.Галеријата е изведена од дрво,а во приземјето се носи на дрвени столбови,поврзани со греди преку што е потпрена дрвена конструкција. До неа се доаѓа по дрвени скали.Посебно е интересна пара петната ограда на галеријата,

 црква Црква Света Богородица (Ќелие) с.Теарце

изработена од тенки дрвени летвички, диагонално поврзани. Покривот е на четири води. Останатиот дел од таваницата, како и на галеријата е изведен од рамна дрвена таваница. Иконостасот е со димензии 7.90x70x0.10 метри.Подот на црквата е во камени плочи, додека во галеријата е во штици.Фасадите се малтерисани во бело.Црквата се наоѓа во склоп на селските гробишта.Од понов датум е чешешмата и

камбанаријата.На северниот ѕид од олтарниот дел претставена е фреската "Визија на Свети Петар Александиријски".На источниот ѕид претставени се фреските "Свадбата во Кана Галилејска","Света Троица","Аврамовата жртва","Свето Благовештение","Свети Илија" и "Свети Кирил".Во ѓаконикот е претставена фреската "Крштевање Христово",каде има текст на жители веројатно од селото кои помагале во изградбата на црквата.Се споменуваат јереј Кузман,јеромонах Арсение ,Маринко,Веселин,Димо,Саре,Мисаил, Митре,Христо,Динго и Дрезда.На десната страна од крштевањето пишува јереј Онуфрија,зограф Јаков,Ана и Трајан.Во апсидата се претставени "Света Богородица со малиот Исус",а во втората зона "Боженствена литургија" со пет светители.Во продолжение се насликани старозаветни сцени првиот грев на "Адам и Ева" и "Ангелот ги изгонува  од рајот Адам и Ева".Особена карактеристика на овие сцени е наративниот пристап со престави на животни.На западниот ѕид претставени се две сцени "Исповедувањето на грешниците" и "Ангелот ги прогонува од рајот оние на кои не им се простени гревовите".Особено ретка појава во средновековното сликарство е претставата на етно елементи,ликовите се насликани во народна носија од овој крај.Во втората сцена е прикажан грешникот како се покајал и кого ангелот го води во рајот.Во продолжение на западниот ѕид е насликана една сцена која е исклучок во средно

 црква Оштетувања на црквата св.Димитриј

вековниот византиски живопис, а тоа е сцената "Бајачки кои ги лекуваат болните". Имено во овој тежок период за населението, луѓето кои биле со многу ниско образовна свест, барале помош од вакви нецрковни личности, комплетно сцената е претставена со селани, сите облешени во народни носии, со многу детали, кои ја дообјаснуваат сцената.
Во првата зона на северниот ѕид насликана е сцената

"Страшниот суд", кој што е претставен многу наративно, со митолошки животни,змејови и разни животни.Во горниот дел е претставен "Господ Исус Христос со Света Богородица",придружуван од хор на ангели како ги отвора портите на пеколот за грешниците.Во подножјето е претставен пророкот Мојсеј како во раката ги држи двете старозаветни плочи,со што зографот ги поврзува сцените од Новиот и Стариот Завет и симболично го објавува континуитетот на Христијанството со Стариот Завет.
Во втората зона насликано е "Успението на Света Богородица",а веднаш до неа е "Симнувањето од Крстот".Следува сцената "Незапалива капина" каде е претставен пророкот Мојсеј со стадото како го гледа ликот на "Света Богородица" со "Господ Христос".Во централниот брод се насликани сцени од "Господовите празници Благовест","Бегство во Египет", 'Крштевањето Христово", "Лазаровото воскресение", "Влегувањето во Ерусалим","Тајната Вечера","Молитвата во Маслиновата гора","Јудиното предавство","Господ Христос пред Понтиј Пилат","Распетието" и "Вознесението".
Живописот е работен од Јаков Радев Маџовски од Лазарополе.Живописот е во добра состојба,има мали оштетувања од наслаги на чад,посебно во олтарниот дел.Живописот има посебно значење,бидејќи е исклучително наративен и редок по својата презентација што остапува од каноните на византиското сликарство.На иконостасот во првата зона претставени се "Свети Ѓорѓи","Свети Архангел Михаил","Свети Никола","Света Богородица","Господ Исус Христос","Свети Јован Крстител" и "Свети Димитриј".Во втората зона претставени се  иконите од "Чинот(19 икони)".На престолната икона,на која е претставен "Господ Исус Христос",има тенок текст кој гласи: "Сеи свети образ се изобрази во лето од Христа 1866,месеца март,ден 24,зограф Јосиф од Лазарополе из Дебар,помени Господе православни христијани,општо ктитори и прислужници,помени ги христијани у село Теарце".На иконостасот исто така има икони од Јаков Радев од Лазарополе од 1896-та година.Во 1980-та година преземени се низа зафати,сменета е покривната конструкција на црквата, и е направена нова фасада како и нова канбанерија.
По повод 2000 години од Христовото раѓање,црковниот одбор при црквата Свети Никола,поведе иницијатива за изградба на единствен меморијален комлекс кој ќе биде посветен на јеромонахот Кирил Пејќиновиќ.Комплексот треба да се состои од црква со канбанарија,спомен дом на отец Кирил Пејќиновиќ со библиотека и читална,сала за симпозиум,базен,парохијски дом со службени простории и други придружни објекти.За таа цел на 20-ти мај 1999 година се освети "Крстот" кој беше поставен за почеток на градбените работи.
Истата година на 29-ти август со благослов на надлежниот епархиски архиереј Неговото Високопресвештенство, Митрополитот Полошко - Кумановски Господин Кирил се приложи и го освети камен темелникот на новата црква,посветена во чест на "Свети великомаченик Димитриј Солунски".На чинот на осветувањето началствуваше Архиерејскиот Наместник на Тетовското Архиерејско Наместништво, протојереј - ставрофор Мирко Станковски, заедно со парохискиот свештеник,протојереј - ставрофор Димитрие Крстевски и други свештенослужители. Црквата за рекордно време беше изградена.Но со познатите настани од 2001-та година работите беа запрени.
Новата црква св.Димитриј Солунски од с.Теарце не беше поштедена од вандализмот на албанските терористички банди.Истите во 2001-та година стрелаа со огнено оружје по фасадата на црквата,ја запалија влезната врата (најверојатно во обид да ја запалат целата црква),го искршија и одстранија Светиот Крст кој што се наоѓаше во дворот на црквата,ја искршија и одстранија бистата на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ.Албанските качачки банди не ја поштедија ниту црквата Света Марена (Огнена Марија).Истите стрелале со огнено оружје во влезната врата крај Светиот Крст и во внатрешноста направиле пустош.



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com


Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved