МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Житија на светители
Свети Василиј Велики
Свети Василиј Велики
Свети Василиј Велики
Свети Василиј Велики

Свети Василиј е еден од најголемите Отци на Црквата Христова низ вековите. Роден е 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Емелија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот. Василиевата баба по татко, Макрина била ученичка на Свети Григориј Чудотворец, епископ во Неокесарија, која едвај го преживеала максимилијановотото гонење на христијаните.
Свети Василиј најпрвин се школувал кај својот татко, кој бил реторичар во Неокесарија. По татковата смрт околу 345 година, тој го продолжува понатамошното школување во Неокесарија Кападокиска, каде се сретнал со Григориј Назијанин. Со него од тогаш ги

врзува доживотното пријателство, кое е ретко познато во историјата на човештвото и многу корисно за целата Црква во сложената ситуација во 4 век. Од Кесарија Свети Василиј заминал за Цариград, каде кратко време учел кај елинскиот ритор Ливаниј, а потоа во 352 година отишол во Атина. Таму ја изучил филозофијата, дијалектиката, реториката, астрономијата па дури и медицината. За Василиевото образование најдобро сведочи неговата голема ерудиција, која се сретнува во неговите дела, каде големиот познавач на класиката, Фотиј го става во ранг со Платон и Демостен.
Атинското образование и заедничкиот живот во подвижништво со Свети Григориј им е најубавиот период на нивниот живот. Очигледно Василиј уште од младоста бил многу обдарен со мудрост и таленти. Без обѕир на големото врвно образование Василиј никогаш не се гордеел со своето знаење. Од Атина доаѓа во Кесарија каде беше крстен од епископот Кесариски Дијаниј и потоа го ракополага за чтец во Црквата.
Но Свети Василиј имал голема желба да се замонаши, после темелното проучување на Светото Писмо и по средбите со сестра си Макрина и познанството со познатиот подвижник Евстатиј. Свети Василиј го раздал својот имот на сиромашните и трганал кон Исток, кај познатите подвижници во Александрија, Египет, Палестина и Месопотамија. Се молел на Бога и самиот сакал да постане подржавател на тие луѓе.
Враќајќи се од Исток во 360 година е ракоположен за ѓакон. Од тоа време тој станува голем православен богослов. Потоа бил ракоположен за свештеник и се покажал како вистински црковен пастир. Иако слаб со здравјето уште од детството, тој во монашкиот подвиг изградил цврста и преочеличена волја, големо христијанско трпение и се ставил во служба на Бога и луѓето. Бил човек целосно посветен на Црквата и народот. Свештенството и монаштвото тоа го виделе и следејќи го верно и искрено. Практично Свети Василиј управувал со Црквата во Кесарија, ја бранел од нападите на аријаните, ги помагал и хранел сиромасите и гладните. Ги украсувал храмовите, основал манастири, го толкувал на народот зборот Господен, пишувал боговдахнати книги и бил теолошки советник на еписопот на Исток.
Свети Василиј постанал епископ есента 370 година, по смртта Евсевиева. Испраќал канонски поуки и совети, кои подоцна постанале канони за целата Црква. Епископската дејност Василиева била многустрана. Во својата Црква богослужбениот живот го збогатил и создал харитативна дејност. Подигнал болници, старечки домови и прифатилишта, познато под име”Василијада”, каде работеле и служеле монаси. Монасите од пустина ги повлекол во градот, поради непосредно служење на потребите и спасение на ближните.
Како епископ Василиј го организирал монашкиот живот во Кападокија и пошироко во Мала Азија и Сирија. За Свети Василиј монаштвото било начин на живеење според Евангелието. Одрекување од светот не од презир кон истото, туку од љубов кон Бога, која не се дели од љубовта спрема ближните. Свети Василиј согорувал во жртвените подвизи за вистинската вера во Света Троица и за мир меѓу Црквите.
Потполниот мир на Исток Свети Василиј не го доживеал.Тој е најзаслужен за собирање на здрави православни сили на Исток, од кои најскоро потоа ќе биде составен вториот Вселенски Собор во Цариград 381 година, каде ќе триумфира Православието против сите ереси и раздори со кои Василиј се борел. Починал на 49 години на 31 декември 378 година, а е погребен свечено на 1 јануари 379 година, кога се слави и неговиот свет помен. Од целиот град на Кесарија христијанското и нехристијанското население, е најсвечено испратен во знак на благодарност за многуте дободетели кои ги направил на сите луѓе.
Има составено Света Литургија која се служи 10 пати во годината и поради својата голема ученост е наречен Велики. Преку молитвите на светиот отец наш Василиј Господе Исусе Христе помилуј не и спаси не. АМИН!



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved