МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Житија на светители
Свети Никола Чудотворец
Свети Никола Чудотворец
Свети Никола Чудотворец
Свети Никола Чудотворец

Да го сакаем и почитуваме Бога со сето свое срце, со сета своја душа и со сите свои мисли и да ги сакаме ближните како себе си, а кога овие заповеди би ги исполнувале во целост помалку би имало зло во светот и помала омраза би имало помеѓу луѓето. И токму на овие големи празници секогаш Црквата не повикува да го слушаме гласот Господов и да одиме по неговиот пат. За тој пат пострадале безбројни маченици кои ги жртвувале своите животи за да им биде добро на луѓето, да би ги спасиле и да би ја оплемениле и облагодариле човечката душа, за да би ја повратиле на нејзиниот праизвор кон Бога, чиста, света, онаква каква била кога ја вдахнал Господ Бог во човекот.
На таа света наука го посветил својот живот големиот Божји светител Николај Мириклијски

Чудотворец. Тој од своето рано детство се напојувал со евангелска мудрост и чиста вера. Одејќи по патот на смирението се воздигнал во духовни висини, се здобил со богатство во духовните висини, се здобил со богатство на духот верата и милосрдието.
Повикан од Бога, уште многу млад примил свештенички чин. Како млад свештеник сестрано се подвигувал во делата на верата и жубовта. Во светот не барал ништо за себе туку се што имал раздавал на оние на кои им било потребно. Добриот слуга Божји бил во радоста на небесниот Господар кој го избрал и повикал за висока Епископска служба. Тој длабоко чувствувал дека е повикан од Бога да изврши голема мисија-со својот живот и со своите дела да докаже дека луѓето никојпат не треба да заборават дека нашиот живот е дар од Бога и секојпат да се трудиме да правиме добри дела за да добиеме царство небесно.
По смртта на своите родители Теофан и Нона, кои потекнувале од Малоазиската приморска населба Патара, Свети Никола целиот свој имот го разделил на сиромаси. За безбројните дела на милосрдието кои ги направил Свети Никола, исполнета е секоја страница од неговото житие. Еве само еден пример:
Во градот Патара живеело едно богато семејство. Тие живееле безгрижен живот. Наеднаш во тоа семејство работите тргнале назад и за брзо време осиромашиле. Таткото се спремил да ги предаде на разврат своите три ќерки за да би се прехраниле. Свети Никола како вистински пастир на своето стадо ја разбрал намерата на родителот и решил да ги спаси своите духовни чеда од пропаст. Ноќта без никој да знае фрлил преку прозорецот заврзано крпче со пари. Таткото многу се зарадувал. Се откажал од лошата намера и со овие пари ја омажил својата прва ќерка. По извесно време во неговата куќа повторно Свети Никола им фрлил пари. Со нив ја омажил и втората ќерка. Но тој сакал да дознае кој е неговиот добротвор. И кога светителот дошол и трет пат да фрли пари за третата ќерка, таткото го препознал, тој сватил дека е Свети Никола е тој кој ги спасил од срамот, а неговите ќерки од развратниот живот.
Животот на Свети Никола бил многу скромен, облеката му била многу едноставна без какви било сјајни украси. Постел непрестојано и јадел само еднаш дневно и тоа навечер. Целиот ден вратата на неговиот дом била отворена и луѓето секојдневно доаѓале да бараат совет, утеха и милостиња. На сиромашните им бил хранител, на бедните милостив, на оние што плачат утешител и на сите им бил вистински добротвор.
Во тешките времиња кога римските цареви преземале гонења против Христијаните, Свети Никола непоколебливо стоел на своето место и со својот пример не дозволил да отпаднат од христијанската вера. Кога светиот цар Константин Велики ја признал Христијанската вера и дал целосна слобода на верата, Свети Никола развил уште поголема дејност и во Христијанската вера привел мноштво луѓе. Присуствувал и на Првиот Вселенски Собор во 325 година.
Свети Никола се претставил во Господа во длабока старост на 6 декември 343 година. Телото негово почива во градот Мир во Ликијската област во Мала Азија.
На иконата Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда. Тој се смета за заштитник на морињата, бидејќи многу морнари спасил и им помогнал на морепловците. На сите христијански бродови се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето сите бродови застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето.
Богоугодниот Свети Никола нека ни биде секогаш со своите молитви на помош и секогаш да се застапува пред престолот на Севишниот Бог за наше здравје и спасение сега секогаш и во вечни векови. АМИН!



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved