МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Житија на светители
Свети Јован Богослов
Свети Јован Богослов
Свети Јован Богослов
Свети Јован Богослов

Свети Јован Богослов е роден во Витсаида Галилејска од татко Заведеј и мајка Саломија. по занимање бил рибар, а по години на староста најмлад ученик Христов. Тој го напишал Евангелието, три посланија и последната книга на Новиот Завет-Откровението Јованово или Апокалипсисот. И што бил орелот меѓу птиците, тоа бил Свети Јован меѓу евангелистите.
Основач е на Азиската црква и затоа се смета како најзаслужен апостол во Мала Азија. Бил најсаканиот ученик Христов, а за тоа нешто во Светото Евангелие повеќе пати е споменато. Бил сведок на сите чуда Христови, сведок на преображението, сведок на смртта Христова и нему Господ Христос му ја доверил својата мајка, Света Богородица на чување. И како таков бил еден од најревносните ученици во ширењето на Евангелието и утврдувањето на

христијанската љубов меѓу христијаните. Неговата уста проповедала само љубов и овој збор се чул во последните моменти од неговиот живот:"Деца сакајте се еден со друг, а тоа е заповед Христова".
Во почетокот на христијанството, верата се ширела непрестајно. За тоа помогнале последните многубројни чуда, а особено од добриот пример на Светиот Апостол Јован Богослов. Поучувал со зборови и дела. Покажал со сопствениот пример како треба да се биде Христијанин. Ги обиколувал селата и градовите, основал црковни општини, поставувал епископи, свештеници и ѓакони. Предизвикал сите да го следат неговиот пример.
Римскиот император Диоклицијан кога дознал за големите успеси на новата вера во Мала Азија, заповедал да го доведат апостолот во Рим и кога царот го видел пред себе си, почнал да го мачи жестоко, му дале да испие чаша полна со отров, го фрлиле во казан каде имало врело масло. Но свети Јован Богослов останал здрав и неповреден. Се исполниле врз него зборовите на Господа:"Ако оние што веруваат во Него и да испијат нешто смртоносно нема да им наштети". Оние кои присуствувале на мачењето почнале да извикуваат:"Голем е христијанскиот Бог". Императорот кога го видел тоа решил повеќе да не го мачи и го испратил на заточение на островот Патмос. Престојот на тој остров послужил за спасение во Господа на тамошните жители.
Апостолот и тука го проповедал Светото Евангелие, исцелувал болни и вршел многу чудеса. На сите им бил пример на кротост, незлобие и покажувал љубов кон Бога и ближните. Кога умрел императорот Диоклицијан гонењето против Христијаните стивнало. Тоа му дало можност на Свети Јован да се врати во Ефес. Христијаните од тој град го пресретнале со голема радост и велеле:"Благословен е оној кој иде во името Господово". Светиот Апостол Јован до крајот на животот останал во Мала Азија и го продолжил Спасителното дело.
Умрел во 120 година а бил положен во гробот кој самиот го подготвил. На своите ученици им дал последни напаствија, ги благословил и ја предал душата на Господа. И секоја година на 8 мај(21) од гробот излегувал ситен прав кој исцелувал разни болести. Поради тоа споменот на Свети Јован Богослов се празнува на овој ден.
Затоа сите ние да се помолиме на Господа за здравје и спасение на нашите души. Нека ни се на помош денешниве молитви. Честит нека ни е денешниов празник сега секогаш и во вечни векови. АМИН!



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved