кој што се поклонуваше на Аполон и на другите
божества, неможеше да си дозволи во своето царство да надвладее
христијанската религија. За да го спречи ширењето на Христовата
вера, тој наоѓаше разни начини како да им наштети. За таа цел
тој ги ослободуваше најголемите злосторници од затворите и истите
подоцна ги користеше како гонители и измачувачи. Иако под голем
притисок и прогон, христијанството веќе ги имаше пуштено корењата
и длабоко беше засеано семето на Православието, дури и помеѓу
неговата војска.
Еден од неговите војници беше и Георгиј чиј татко пострада за
верата Христова. По маченичката смрт на неговиот татко, Георгиј
се засилува во неговата вера. Се преселува во Палестина со својата
мајка и се одлучува за војнички повик. Поради покажаната храброст
награден е со најголеми воени почести и го добива чинот трибун,
т.е. генерал на војската. Спгледувајќи ја неправдата што ја
имаше царот кон поданиците, тој јавно започна да ја исповеда
својата вера на едно заседание на неправедното владеење на царот,
како и гоненијата што тој ги има направено. На ваквите зборови
царот останал занемен, бидејќи не очекуваше тоа да му го рече
еден од неговите најдобри војници. За овие зборови е фатен и
затворен. Но Бог не го остави својот слуга сам. Откако еден
од војниците се доближи со копјето до него, железниот врв се
стопи, а од устата на светителот се славеше Бог. Го затвораат
во затвор и го подложуваат на најсурови маки. По измачувањето
му се јавува ангел Божји и му вели:"Не плаши се, јас сум со
тебе" и го ослободи од тркалото на кое беше поставен. Царицата
Александра гледајќи го ова чудо и самата поверува во светителот,
но нејзините придружници ја сокрија нејзината вера. Светителот
го ставаат на нови искушенија. И беше подложен жив да влезе
во јамата со вар, со железни чизми и излегува како и да не бил
измачуван. Еден од мачителите сакаше да го отруе. Но и најјаките
отрови не делуваа. Свети Георгиј и во најтешките моменти ги
поучува во верата Христова. И во искушенијата и страданијата
не потклекнува во верата.
Претставувајќи голема опасност, царот царот наредува да го затвораат
во затвор. Но христијаните кои до тогаш ги имаше во поголем
број го посетуваат во затворот и бараа совети за својот христијански
живот. Пред судењето го носат во Аполоновиот храм да принесе
жртва на богот Аполон и останатите идоли. Се случило уште едно
чудо. Идолите се разнесуваа на парчиња. Разгневениот народ бара
тој да биде исечен со меч, бидејќи останаа без своите идоли
на кои им се поклонуваа. Царицата Александра која до тогаш беше
тајна христијанка се доближи до нозете на светителот и бараше
прошка за своите гревови. Царот Диоклицијан откако го виде ова
сакаше и својата сопруга да ја исече со меч. На патот на погубувањето
ја наведна главата и од изнемоштеност ја испушти душата. Веднаш
по ова чудо светителот беше посечен со меч. Пред својата смрт
Свети Георгиј го замолил својот слуга Лид, телото после смртта
да го пренесе во своето родно место во Палестина.
Свети Георгиј од тогаш па низ сите времиња па и до ден денес
се нарекува победоносец, бидејќи со својата силна вера во Бога
ги победил сите мачители. А неговиот пример го следеле и другите
христијани и така ја одржале победата на христијанството.
Затоа да се помолиме на Светителот, со неговите молитви пред
Спасителот Господ Исус Христос да се здобиеме со Божјата благодат,
кој крепи и милува, да почива врз сите нас, сега и во сите времиња.
АМИН!
|