Make your own free website on Tripod.com
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Кај селото Стенче пронајдени се остатоци
од епископски базиликален храм, стар 1500 години
Кај селото Стенче откриен е епископски базиликален храм,стар 1500 год.
Остатоци од ново откриената црква Остатоци од ново откриената црква

По истражувањата извршени од заводот за заштита на спомениците на културата Скопје во месец мај 2004-та година, на локалитетот Градиште кој што се издига над селото Стенче - Тетовско откриен е епископски баликиален храм стар 1500-тини години, кој што претставува апсолутно нај старо христијанско светилиште во Тетовско, откриено до сега. Базиликата е долга 28 метри а

широка 14 метри и датира од крајот на IV и почетокот V век. При истражувањата извршени на локалитетот откриен е железен крст со краци од околу 50 сантиметри. Според директорот на музејот на град Тетово Велимир Цветановски пронајдениот крст бил литијски, кој што христијанските верници од тој период го употрбувале во процесијски свечености а свештениците го ставале крстот на барјак и со него кружеле околу црквата. Ова е многу редок примерок бидејќи е направен од железо кое лесно се оштетува и распаѓа, но според директорот Велимир Цветановски примерокот е добро сочуван поради климатските услови. При ископувањето на локалитетот откриени се и три монети од царот ТеодосијI за кој што се знае дека обновил многу цркви во Тетовскиот крај и една монета на ЈустинI. Покрај монетите, откриени се фрагменти од керамика во кои што е втиснато сонце со шеснаесет

краци. Се претпоставува дека објектот бил граден во две фази,прво како еднокорабна црква, која подоцна била проширена. Дека овој локалитет некогаш бил епископско седиште ни укажуваат остатоците на пронајдената фрескоживописана крстилница, мала капела, како и остатоци на други придружни објекти кои биле утврдени со кули и бедеми.
Локалитетот Градиште е интересен и по тоа што претставува Словенски, Македонски град кој што подолго време егзистирал веројатно до XIV век, кога тука пустошеле војските на Везирот Синан Паша. Градот имал три тераси а на највисоката се наоѓал манастирот св.Илија, во подножјето се наоѓала една цистерна од која што градот се снабдувал со вода за пиење. Трите ѕидови кои симетрично се распоредени околу месноста зборуваат

Откриениот железен крст

затоа дека на ова место живеел еден народ во континуитет а повеќето слоеви говорат дека тука непрекинато се живеело од IV до XVI век. Самата местоположба ни говори дека тоа било многу фрекфентно место каде што минувал познатиот пат Виа игнација. Сите овие податоци упатуваат на заклучок дека на ова место се наоѓал средновековниот град Полоѓи чија локација сеуште дефинитивно не е утврдена. На местото на некогашниот манастир има видливи остатоци од овој многу стар саркален споменик. При теренското испитување над самиот нартекс од храмот е откриена фрагментална керамика, дел од детска белегзија и тоа многу интересно тродинирана и повеќе стари монети. Наодите датираат од XII век како гробни прилози. Во втората половина на XIX век во горниот дел на селото Стенче на темелите на средновековната црква е изградена црквата посветена на с.в.Илија. Североисточно верниците во 1923-та година изградиле мала црква посветена на св.Параскева, но поради временската руинираност беше подложена на распаѓање, така да во 1993-та година се донесе одлука за возобнување на истата. Црквата целосно беше изградена во 2000-та година и на празникот Балаклија на 5-ти мај истата година Митрополитот Полшко-Кумановски Г-дин Кирил, заедно со повеќе свештеници од Тетовското архиерејско наместништво ја освети оваа црква. Ова богоугодно дело се изврши во чест и слава на 2000 годишнината од раѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос и роденденот на Христијанството на просторот од нашата света библијска и апостолска земја Македонија.



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved