Make your own free website on Tripod.com
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Во црквата св.Петка кај с.Сиричино-Тетовско
реставриран е фрескоживописот од XVII и XIXвек
Реставриран фрескоживописот од XVII и XIX век во црквата св.Петка
Богородица Ширшаја и Агнец Божји XVII век Пред реставрација на олтарот

По неколку годишен ангажман на црковниот одбор при црквата св.Петка - Параскева од с.Сиричино заедно со свештенството при Тетовското Архиерејско Наместништво,да се обезбедат минимум средства, и да се обезбедат реставратори кои компетентно ќе одговорат на предизвикот - Реставрација и конзевација на фрескоживописот и иконостасот од XVII и XIX век, на општо задоволство а посебно на местното население од с.Сиричино, реставрацијата и конзервацијата се изврши во текот на месец јули 2004-та година.
Според виш конзерватор Душан Мишевски инаку вработен како професор во средното Уметничко училиште од Скопје, речиси насекаде во Република Македонија фрескоживописот работен во XIX век е со послаб квалитет и е многу чуствителен за

реставрација. Според него тоа се должи на економската исцрпеност на Македонскиот народ од пет вековното Отоманско робство, и неможејќи да обезбедат доволно средства за да ги исплатат квалитетните мајстори биле принудени да ги ангажираат нивните помошници кои што вообичаено потекнувале од околните места. Тој фрескоживопис бара многу внимателен пристап за реставрација и конзервација, бидејќи поради лошиот квалитет може да дојде до трајни оштетувања.
Професорот констатира дека фрескоживописот од XIX век и иконостасот се од 1884-та година,но квалитетот е многу повисок кај иконите во иконостасот отколку на фрескоживописот,и доаѓа до заклучок дека во работата учестувале најмалку две тајфи.
За разлика од работите изведени  во XIX век, фрескоживописот работен во XVII век е со многу висок квалитет. Професорот не може да утврди кој ги насликал фреските во олтарот,но констатира дека уметникот одлично ја познавал анатомијата на човековото тело и поседувал  висока сликарска техника.

Г-динот Никола Кекеновски виш конзерватор, инаку по вокација уметник и вработен во Музејот на град Скопје,ни го објаснува пристапот и начинот на кој што се врши реставрација на фрескоживопис. Најпрво, потребно е да се изврши комресирање на фрескоживо писот,односно одстранување на наталожени слоеви на нечистотии предизвикани од горење на свеќи,чад и друго. Потоа се врши инјектирање (в'бризгување на лепак позади фреските), потоа опшивање и китирање. На крај доаѓа завршниот дел,кај што се врши ретуширање и фиксирање, со напомена дека не се врши комплетно ретуширање, туку само со боја се пополнуваат оштетените делови на фреската.
Г-дин Богдан Таневски виш конзерватор,по вокација историчар на уметност и вработен во Кумановскиот музеј ни го опишува начинот

Никола Кекеновски-уметник

на реставрирање на иконостасот во црквата св.Петка.Тој вели дека пристапот кон реставрација и конзервација на иконостасот е многу сличен на пристапот кој што се врши и при реставрација на  фрескоживописот.
По извршениот увид констатирано е дека постојат многу наталожени слоеви на прав,чад,црвоточина,наталожени маснотии. При тој увид констатирано е дека постојат и иструлени носачи на иконостасот.Се почнува со чистење хемиско и механичко на иконостасот,а потоа се преминува на хемиска заштита односно импрегнација на иконостасот (заштита од паразити односно инсекти). Понатаму се врши фиксирање на конструкцијата,се разбира на тие места каде што е тоа потребно. По извршената конзервација на иконостасот се врши превентивна заштита на иконите.
За одлично завршената реставрација и конзервација на фрескоживописот, што може да се забележи преку фотографиите што транзитираат(а за иконостасот не бевме во можност да обезбедиме квалитетни дигитални фотографии),ретко кој може да даде забелешка. Посебен впечаток  ни остави нивната трудољубивост, љубовта кон реставратоскиот занает, љубовта кон Христијанската култура и уметност. Се уверивме дека овие скромни ликовни уметници,иако поседуваат исклучително висок квалитет кога е во прашање ликовната уметност,тие го избрале реставраторството како специјалност. За илустрација може да се наведе следново, кога ја започнаа реставрацијата во црквата св.Петка воопшто не наликуваа на препотентни ликовни уметници кои говорат неразбирливо за обичниот човек, туку гребаа по масивните ѕидови на старата половина милениум црква,инсталираа градежни скелиња така да некој неупатен во нивната работа дојдеше во црквата можеше да помисли дека пристигнале ѕидари, а не уметници. Големината на овие скромни уметници-реставратори, кои што се од светска класа, е во тоа што го избрале реставраторството како занает, иако со нивната дарба можеле а и сеуште можат,као многуте ликовни уметници што ги има ширум Република Македонија да си седат дома со семејството да си насликаат некоја икона, портрет или пејсаж и да заработат два пати или три пати повеќе. Затоа од се срце им благодариме,им благодариме што ни го вратија оригиналнит амбиент на црквата св.Петка-Параскева од дамнешни времиња. Затоа му се молиме на Бога, секогаш да внимава на нив.



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved