МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Биографии на манастири и цркви
Манастир Свети Наум Охридски - Попова Шапка
Манастир Свети Наум Охридски - Чудотворец Попова Шапка
 Манастир Свети Наум Охридски - Попова Шапка Манастир Свети Наум Охридски - Попова Шапка

Северозападниот дел на Полошката котлина е затворен со Шарпланинскиот масив. Должината на овој масив изнесува 80 км и опфаќа седум врвови со надморска височина над 2 000 м, од кои најголемиот е Титов Врв на надморска височина од 2 748 м.
Шарпланинскиот масив претставува еден од нај значајните природни богатства на Република Македонија во целина.

Во самото срце на овој масив на надморска височина од 1.700 м сместен нашиот најстар и најпознат планински туристички центар Попова Шапка. Првите обиди за развивање на овој планински предел во туристички зимски центар, сe од пред Втората светска војна, кога помал број ентузијасти почнуваат да ги користат благодетите на овој предел за планинарење и спортување на снег. Од тој период, поточно од 1934 година е изграден првиот објект т.е. планински дом. Но, позначајни чекори кон развивањето на туризмот се преземаат во почетокот на 1960 година кога почнува поосмислено да се гради концепција за развој на овој центар.
Според преданието, постои легенда како оваа месност во Шарпланинскиот масив го добила своето име. Легендата вели дека еден православен свештеник вршејќи ја евангелската мисија, славска посета на православните домови по христијанско-македонските села на падините на Шар Планина, поминувајќи низ оваа месност бил маченички убиен,а неговото тело било оставено да го растргнат шумските ѕверови. На ова место пролеано со свештеничка маченичка крв е најдена само неговата шапка (камилавка) и затоа оваа месност се нарекува Попова Шапка.
Тогаш на Попова Шапка постоела и црква посветена на вознесение Христово. Таа се наоѓала над денешниот воен дом, бидејќи пред скоро време се најдени и нејзините темели. По паѓањето на Македонија под турско ропство, покрај другите цркви и манастири го разурнале и овој храм. Турците разурнатата црква ја користеле како кула за набљудување на околните места. И по Втората светска војна народната милиција по потреба го користела местото за набљудување. Дека постоела црква на ова место има раскажувано и Албанецот Салиу Селман Расим од село Селце, кој по Првата светска војна бил привремен полицаец и телохранител на тогашниот жандармериски наредник Кукец во станицата во селото Вешала. Како сведоштво за постоењето на манастири на овој простор е и името Вакуф на локалитетот на најголемоте извори (Вакуфските извори) на Шар планина којшто бил манастирски имот.
По Втората светска војна урбанистите од швајцарската фирма "Акау" работејќи ја програмата за развој на Попова Шапка предвиделе и изградба на црква. Потоа иницијативата безрезервно ја подржаа група граѓани од Тетово, а и од нашите иселеници во прекуокеанските држави, на кои идејата им беше презентирана. Оваа возвишена идеја сесрдно беше прифатена и од Македонската православна црква, поточно од нашиот надлежен епархиски архијереј неговото високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски Господин Кирил.
Околу изградбата на манастирската црква дојде до спротивставувачки реакции од страна на Мешихатот на Исламската верска заедница, некои албански партии и нивни пратеници во Парламентот. Ваквите реагирања се чудни и несфатливи со својата нетолеранција и не се темелат врз објективната историска стварност. Кога ќе се подигне христијанско православно светилиште во мешани национални средини, се вели дека со таквиот чин се повредуваат верските чувства на муслиманското население. Од друга страна пак, не се респектираат верските чувства на православните христијани, кога во нивните до скоро исклучиво христијански средини се креваат масивни џамии и други верски објекти. Значи, погрлат станува оној верски елемент, во конкретниов случај исламскиот, кој нема ни историско ни морално право да реагира на вакви појави.
Очигледно, оние кои стојат на чело на Мешихатот и на малцинските политички партии, или не ја знаат историјата на земјата во која како неодамнешни доселеници живеат, или тоа го прават свесно и тенденциозно, раководејќи се од една доследно користена идеологија на верско-национална исклучивост како инструмент за узурпација на туѓото, а ставајќи го во заблуда својот национален елемент преку измислици својствени само на таткото на лагата дека е автохтон на овие простори, со цел да ги остварат своите национал-шовинистички цели и интереси. Како инаку може да се објасни тезата на овие современи фалсификатори на историјата, дека наводно на Шар Планина и Полошко никогаш немало христијанско население, дека се тие домороден народ на овие простори и постари дури и од планините на оваа наша држава.
Според историските податоци уште во X и XI век селата на Шар планина, посебно оние околу Попова Шапка биле со православно словенско население.. Како духовен центар во месноста “Плоча” на Шар Планина постоел манастир посветен на “Света Богородица”. Во записите, грамотите и другите историски документи се наведува дека овој манастир настанал во XII односно XIV век. Во еден запис стои дека во 1641 година, манастирот е возобновен и возобновувањето траело сe до 1646 година кога негов игумен бил монахот Јоаким, еден меѓу 14-те тогашни големи игумени на овие простори во чие време манастирот достигнал висок напредок на економски, црковно-просветен и културен план. Градбата на овој манастирски комплекс е своевидно обновување на едно од бројните насилно уништени православни светилишта на Шар планина.
Во 1992 година во просториите на соборниот храм "Свети Кирил и Методиј" во Тетово, во присуство на нашиот надлежен епархиски архијереј Неговото високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски Господин Кирил, беше формиран иницијативен одбор за изградба на овој манастирски комплекс. Тогаш се донесе одлука за возобновување на манастирот "Света Богородица" на Шар Планина и преименување во манастирски комплекс "Свети Наум Охридски-Чудотворец", во чест на еден од најголемите наши светители и основоположник на монашкиот живот собрат на основоположникот на родната мајка-Светиклиментова црква.
Манастирско настојателство под претседателство на прота Благоја Ацески има донесено одлука за етапно градење на комплексот со што прво би се изградила манастирската црква, а потоа придружните објекти со повеќе конаци. Изготвувањето на техничката документација, урбанистичкото решение на комплексот и главниот проект за манастирската црква и конаците беше доверена на организацијата за просторно планирање, проектирање и инженеринг "Комунапроект" од Тетово. Градежните и градежно-занаетските работи му беа доверени на Г.П. "Гранит"-економска единица Тетово.
На 3 јули 1992 година се изврши чинот осветување и полагање на камен темелник, со што и официелно се отпочна со градба на манастирската црква, на 3 јули 1993 година беше извршен чинот на мало осветување на црквата, а воедно и поставен камен темелник за изградба на новите конаци и камбанаријата, а на 3 јули 1995 година црквата беше осветена заедно со влезните врати на овој манастирски комплекс од страна на нашиот надлежен епархијски архијереј Неговото високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски Господин Кирил.
Манастирскиот комплекс зафаќа површина од еден и пол хектар, а манастирската црква, со габаритни димензии 50 м2 во основа. зазема центрлано место во комплексот, на надморска височина од 1730 м што ја вбројува меѓу неколкуте цркви на најголема надморска височина на Балканот. Посебно е внимавано црквата да ги задоволи сите барања за нејзината намена и за целосна вклопеност во пејзажот на планината, остварено и преку обликување на фасадата од необработен камен ваден од самата месност. Со тоа на визуелен и симболичен начин е подвлечена одомаќеноста, древноста и цврстината на Македонската православна црква на овие простори. Проектот на црквата е изработен од архитектот Богосав Божиновски.
Фрескоживописот на црквата е изведен од страна на академскиот сликар Никола Цонев од Скопје, кој исто така ги изработи и иконите што се поставени на иконостасот.
Во тек се активности на изградба на манастирски конак кој е со површина од 1 000 м2 и со 15-20 апартмани, владичка соба, трпезарија, кујна и повеќе економски простории. Внатре е предвиено да има библиотека со читална и просторија со скијачка опрема, а надвор паркинг простор за 50 возила. Со ова му се дава на црковниот комплекс карактер сообразен со специфичностите на македонската црковна архитектура, современите архитектонски струења и дадениот планински амбиент.



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved