Православен крст
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА-ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
АПЕЛ!
 

Старешината на црквата св.Петка-Параскева,црковниот одбор како и местното население од с.Сиричино донесоа одлука за доградба и санирање на Црквата како и возобнување односно реставрирање на фрескоживописот.Со голема почит Ги молиме сите богомблагословени стопанственици и домаќини,и сите ценети пријатели на Родната Мајка СветиКлиментова Македонска Православна Црква парично и материјално да помогнат и да се вградат во обновата на Светата Црква.
Црквата св.Петка-Параскева која што се наоѓа во с.Сиричино поседува голема културно-уметничка и црковна вредност,бидејќи сведочи за многувековното постоење и опстојување на нашиот богољубив Македонски Православен народ како и за севкупната Христијанска Игумена,но се наоќа во незавидна(оштетена од забот на времето) состојба.
Оваа црковна иницијатива ја превземаме со цел да го заштитиме нашето културно наследство и на нашите верници да им овозможиме квалитетно и непречено да ги извршуваат своите верски потреби.За даруваната помош ви искажуваме неизмерна и трајна благодарност,Господ Бог нека Ви возврати илјадапати со штедри даренија.Вашите средства можете да ги уплатите на нашата жиро-сметка:

-540-000000-2963-02-
Тетовска Банка-Тетово
Со назнака:За црква "св.Петка"-с.Сиричино

Црковниот одбор при

Парохиски свештеник и старешина на

црквата св.Петка Параскева

црква св.Петка-Параскева с.Сиричино

с.Сиричино-Тетово

Дарко Наумовски