МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Житија на светители
Света Великомаченица Варвара
Света Великомаченица Варвара
Света Великомаченица Варвара
Света Великомаченица Варвара

За време на имераторот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките.
Гледајќи во природната убавина почнала да размислува: чија рака ја создала таа убавина? И добивала одговор, да никој не го сторил тоа освен вистинскиот Бог, кој ја создал небесата и основал земјата. На таков начин размислувајќи девојката се издигнала со мислата и со срцето кон Создадетелот на се. Сакала да дознае за Бога, но немала учител.

Но Господ по своја благодат и внушил стремеж и ја готвел да ја сознае вистината.
Изминале години, девојката пораснала и татко и нејзин веќе мислел да ја омажи. Се јавувале многу кандидати, бидејќи сите ја знаеле нејзината убавина и богатството на нејзиниот татко. Тој и ја открил на ќерка си својата желба, но таа не помислувала на никаков брак. По извесно време откако излегла од кулата се запознала со многу луѓе и дошла во допир со некои Христијанки. Од нив слушнала за Господа и за неговата света наука, како Единородниот Син Божји Исус Христос станал човек и претрпел страдања и смрт за да ги спаси луѓето од вечната смрт.
Срцето на девојката кое одамна чезнеело за вистината со неописива радост ја примила благата вест за спасението и се исполнила со вера и пламена љубов кон Бога. Таа веќе мислела и сакала да стане Христијанка. Наскоро таа желба и била исполнета. Во Илиопол дошол од Александрија еден свештеник. Кога дознал за желбата на Света Варвара и го објаснил Христијанскиот Закон и ја подготвил да го прими Светото Крштение и подоцна ја крстил.
Света Варвара усрдно се грижела да стане достојна на името Христијанка. Го минувала времето постојано во молитва и размислување за Бога. Кога нејзиниот татко разбрал дека постанала Христијанка многу се разгневил, бидејќи бил огорчен противник на Христијанството. Поради тоа почнал жестоко да ја мачи ќерка си, но кога видел дека казните се бесплодни ја одвел кај управителот на земјата по име Мартијан. Тој се надевал дека ќе ја разубеди со благи зборови. Почнал да ја фали нејзината убавина и ја советувал да не се откажува од татковската вера, но Света Варвара и пред управителот храбро го исповедала и прославила името на Господа Христа со зборовите: "Слава на Бога и спремна сум да станам жртва на Неговото Име, бидејќи Тој е единствениот вистински Бог, а вашите богови се лажливи и суетно е надевањето во нив". Тогаш Мартијан сознал дека советите се бесполезни и заповедал да ја мачат девојката.
Изнемоштена од болките Света Варвара со солзи се молела на Бога да не се поколеба нејзината цврста вера, но да ја поткрепи со Својата помош и сила. Молитвата наскоро и била услишена. Ноќта во затворот била осветлена со прекрасна светлина, чувствувајќи го присуството на Бога го видела самиот Цар на славата Господа Исуса Христа и се исполнила со неизмерна радост и утеха. По видението болките и престанале а раните се исцелиле и маченичката ја поминала целата ноќ во пламена молитва кон Бога, кој и дарувал небесна утеха за време на големото страдање.
Во денот кога за прв пат почнале да ја мачат Света Варвара во народот присуствувала една Христијанка по име Јулијана. Таа со скрушеност на срцето ги гледала страдањата на Светата маченица и со солзи се молела на Бога да и дарува и на неа таква вера и храброст да пострада за Господа Христа. Таа јавно започнала да го слави вистинскиот Бог и да го укорува управителот за неговата жестокост. Веднаш ја фатиле и ја довеле кај управникот. Таа изјавила дека е Христијанка по што веднаш ја предале на мачење заедно со Света Варвара.
Светата Маченица не престанала да се моли: "Боже, кој ги испитуваш срцата на луѓето, не ме оставај но погледни милостиво на мене и на Јулијана. Укрепи не до крај да го извршиме нашиот подвиг, бидејќи Духот е силен но телото е слабо". Бог ја исполнил нејзината молитва и двете Маченички со трпение ги поднеле најстрашните мачења. На крај Мартијан кога видел дека ни најтешките мачења не помагаат да се одречат од Христа ги осудил и двете на смрт.
Смртната пресуда требало да се изврши надвор од градот. Самиот Диоскор држејќи во раката меч ја водел ќерка си, а војниците Јулијана. И двете маченички со радост ги приклониле главите под мечот. Самиот Диоскор ја извршил смртната пресуда над ќерка си. Телата на Светите маченички биле земени и погребани од еден Христијанин кој изградил над нив Храм. Тука верниците наоѓале исцеление од разни болести.
Денес моштите на Света Великомаченица Варвара почиваат во Киев. Господе Исусе Христе по молитвите на светата маченица Варвара помилувај не и спаси не. АМИН!



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved