МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Житија на светители
Свети Климент Охридски - Чудотворец
Свети Климент Охридски - Чудотворец
Свети Климент Охридски - Чудотворец
Свети Климент Охридски

Браќа и сестри, свети Климент Охридски, патронот на нашата МПЦ, од година во година, се повеќе се празнува не само во Македонија, туку и вон границите од нашата република во странство и насекаде во светото каде што има македонци и македонки.
Свети Климент е голема и надарена личност, кој како духовен учител и рамноапостол заедно со светите браќа Кирил и Методиј најповеќе придонесоа за уцврствувањето и ширењето на христијанската вера, за создавањето на христијанската книжевност и просвета, не само за македонскиот народ, туку и сите словенски народи и од тука тој е светител од универзалено значение.
Свети Климент е роден околу 840 година, но од неговото житие неможе да се утврди и дознае во кое место е роден.

Се знае дека бил ученик на свети Методиј, а со светите браќа ја проповедал христијанската вера во Моравија и Панонија.
Човек со водредна висока интилегенција и надареност, свети Климент по доаѓањето во Македонија, во временски период од 30 години, развил една целосна и самопрегорна деност пред крајот на 9 век и почетокот на 10 век, заложувајќи се да го израмни културното ниво на Македонските словени со нивото на средновековна Византија. Продолжувајќи ја својата дејност во Македонија, свети Климент заедно со свети Наум, го вовел народниот јазик во црквите, ги дал основите на нашата литература, па и музичка култура.
Свети Климент ја основал својата богословска школа кога ги полагал основите на нашата црква.-Оваа школа се развила во вистински духовен расадник и дава преку 3500 самопрегорни и сестрано подготвени работници на Божјата и народната нива.
Освен раководењето со школот свети Климент работел и на преведувањето на богослужбените и другите текстови од грчки јазик и пишувал оригинални книги. Покрај работата на преведувањето на богослужбените книги, свети Климент се бавел и со усовршувањето на створената словенска азбука од светите браќа Кирил и Методиј. Тој е автор на кирилицата-свети Климент измислил и други форми на букви од оние што ги пронашол свети Кирил.
За прва и најголема должност свети Климент ја сфатил потребата да ја објасни верата со достапни слова-букви, напишани на народен јазик и убава уметничка форма. Тој ги поставил темелите на нашата македонско-словенска црква со свештенството што потекнувало од средината на нашиот народ. Тој е најголем син на македонскиот народ. Тој не извел од темнината на незнабожтвото и не вовел во светлината на христијанската вера и љубов, култура и цивилизација.
Свети Климент не е само на нашата црква, туку него го празнуваат и како патрон на нашата Богословија во Скопје и на други културни и просветни институции во нашата земја. Нашата Богословија Свети Климент Охридски во Скопје е продолжение на школото на свети Климент во Охрид. Тоа стана расадник од кое има излезено многубројни генерации на свештеници и теолози кои работат со духот и методите на свети Климент. Тоа развива активност што ја имаа свети Климент во свое време и по неговите последователи.
Од основањето на богословијата и факултетот кои успешно работат и спремаат високи кадри за свештеници и врвни теолози за нашата МПЦ овде и во светот, благодарни се му на Господа Исуса Христа кој ни подарил такви луѓе светители за просветивање на нашиот македонски народ.
Наша должност е сесрдно да ја помагаме и дадеме свој доприне за успешно работење на овие духовни македонски црковни расадници, за доброто на нашата МПЦ и нашиот македонски народ во земјава и пошироко во целиот свет.
Свети Климент нека биде секогаш застапник пред престолот на Севишниот и да ни помага и не води по патот на доброто и вистината. АМИН!



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved