Make your own free website on Tripod.com
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Житија на светители
Свети Архангел Михаил
Свети Архангел Михаил
Свети Архангел Михаил
Свети Архангел Михаил

"Во почетокот створи Бог небо и земја". Така пророкот Мојсеј ја почнува првата книга на Библијата. Според преданието нему му го соопштил светиот архангел Гаврил, на Синајската гора, како постанал светот. Зборот " земја" го означува целиот материјален свет, а зборот "небо" го означува сиот нематеријален, невидлив свет, т.е. духовен свет. Во Светото Писмо тој духовен свет се нарекува и бестелесна сила, бесмртна, а се нарекуваат уште и небески воинства, т.е. Господова војска. Нив Бог ги створил пред видливиот свет и се нарекувале ангели, што значи гласници на Божјата волја. Ги има илјадници,.т.е.безброј.
Според Светото Писмо и Светото предание, како што писмено го изложил Свети Дионисие Ареопагит, целата таа небеска војска на поделени во 9 чинови ангели има уредување како војска.Се и во три реда. Секој чин има

свој ранг спрема своите должности, а заедничка им е должноста да го слават Бога. Првиот ред го сочинуваат шестокрилните Серафими, многуочитите Херуфими и богоносни Престоли. вториот ред го сочинуваат: Господства, Сили и Власти. А третиот ред се: Начела, Архангели и Ангели.
Сите тие се Божји службеници и гласници на Неговата волја. Како такви тие се чувари-хранители на Христовата Црква. Нив Бог ги праќа во служба на оние кои ќе го наследат спасението. Ги праќа да им дадат на луѓето чувари на совеста. Иако се бестелесни, духовните сили, ангелите можат да се јават и во некој телесен облик, кога доаѓаат да им ја соопштат волјата Божја на луѓето, а во Новиот Завет јавуваат тајни на Божјата промисла за доаѓањето на Спасителот. На пример во Новиот Завет, Бог преку архангелот Гаврил го јавува времето на раѓањето на Христа. Кога ветениот Спасител се родил во Витлеем, архангелот Гаврил им јавува на пастирите во близина, а мноштвото ангели го објавуваат тоа збиднување со песната:"Слава на Бога во висините и на земјата мир и меѓу луѓето добра волја". Затоа свети архангел Гаврил се слика на иконите со крилја и држи во рацете крин како знак на благовесната вест: мир и добра волја. Исто така ангелите ќе се појават да го објават и второто доаѓање Христово и денот на страшниот суд.
Секој човек има свој ангел чувар, кој невидливо, но осетливо како добра совест, дејствува на мислите наведувајќи го на добро. Секој ангел чувар и видливо ќе се покаже на секого на денот на страшниот суд за да сведочи како човекот живеел, работел и мислел на земјата, за време на својот живот. Особена улога на страшниот суд му е наменета на архангелот Михаил. Затоа и тој се претставува на иконите со кантар во едната рака, а со меч во другата, како извршител на Божјата правда. Тој е војвода на целата ангелска небесна војска и затоа е наречен "голем архистратиг".
Тој назив го добил уште пред создавањето на видливиот свет, бидејќи кога еден дел од ангелите на небото под водство на Луцифер-сотоната се побунил против Бога, архангелот Михаил застанал на челото и ги повел во борба против сотоната и побунетите ангели. Победениот сотона и неговите ангели се фрлени во пеколот и неговите приврзаници се наречени ѓаволи,т.е. противници на Бога. Понеделникот му е посветен на архангелот Михаил и Гаврил со останатите небески сили,т.е. ангелите. - Свети архистратизи Божји, како претставници на чесните сили нетелесни кои стоите пред престолот Божји, молете го Бога за нас грешните, да се спасат нашите души. АМИН!


Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved