МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Биографии на манастири и цркви
Манастирска црква Свети Атанасиј с.Лешок
Манастирска црква Свети Атанасиј - Стар манастир с.Лешок
 Манастир Свети Наум Охридски - Попова Шапка Манастирска црква Свети Атанасиј с.Лешок

На половина час одење од селото Лешок покрај патот што води кон селото Брезно се наоѓа многу оштетен стариот Лешочки манастир посветен на Свети Атанасиј.Се наоѓа на зарамнето место во дабова и габрова околина. Некогаш овој манастир бил духовен, правен и културен центар во долно-полошкиот крај. Манастирот е изграден во 14-ти век а ктитор на манастирот бил еромонахот Антониј , кој во времето на

возобнување на црквата,на Скопскиот митрополитски сабор ,бил назначен за прв епископ на Долно-полошката Епископија.
Од ова произлегува дека митрополитот Антониј го променил свотето дотогашно монашко име во епископско,Јоаникиј.Судејќи по стилот и по начинот на градбата,како и по сочуваната орнаментика на каменот,вграден во храмот,ктиторот Јонакиј бил образован човек со висок градителски вкус,кој по се имал и доволно средства потребни за изградба и за внатрешно уредување на храмот.Тоа е и период кога во полошкот крај и официално била формирана Полошката Епархија.Во овој крај од порано постоела Епархија која како свој метох ја имале црквата Света Богородица,веднаш под старата црква св.Атанасиј каде што е денес разурнатиот Лешочки манастир.
Во времето кога се формирала Охридската Архиепископија,а можеби и многу порано,во времето на дејствувањето на македонските просветители св.св.Кирил и Методиј и нивните ученици,во 10-иот век во Долни Полог,под историскиот  Леген град бил формиран духовен центар,на чие чело стоел Хороепископ,како наместник на Охридската Архиепископија.Од почетокот на христијанството под негова јуриздикција потпаѓала целата административна дејност во Полоѓи,која го опфаќала и Горни Полог.Хороепископот тука под тврдините на Леген град имал и црква поодигната во чест на св.Богородица и двор со имот за издржување на Епархиските свештеници.Првобитната црква според еден сочуван камен столб-пиластер,била градена во стилот на најстарите цркви во Охрид и преспа.Во отсуство на пишани документи овој столб укажува на фактот дека Полошката Епархија административно и припаѓала на Охридската Архиепископија.До 1970-та година се сметаше дека црквата св.Атанасиј потекнува од втората половина на 14-ти век и дека ја подигнал првиот Полошки Епископ Јоаникиј,што се гледа и од записот на неговиот саркофаг,пронајден при ископувањето на црквата,кои беа извршени во споменатата година.Меѓутоа со проучувањето на основата и фасадата е утврдено дека црквата потеквнува од 6-ти век,во времето на доаѓањето на Македонските словени на овие простори.Возобновената црква,од страна на Антониј,како епископ Јоаникиј,активно функционирала до 15-ти век.Претходно околу неа Јоаникиј  изградил ќелии за монасите и за членовите на манастирското брадство,со што се формирал манастирски комплекс.Но со доаѓањето наТурците,престојот на монасите во неа бил несигурен,поради нејзината местоположба надвор од населеното место,па монасите го напуштиле манастирот и тој бил запоставен и незаштитен.Во 1689-та година Турците се нафрлиле на христијанското население.Го ограбувале,а потоа се палеле,а ги палеле и црковните светилишта.Во тоа време била разурната црквата св.Атанасиј,а со текот на годините урнатините биле покриени со земја.При откопувањето,во 1927-та година,биле откриени редица остатоци од разурнатата црква.Во јужната апсида бил пронајден споменатиот саркофаг на ктиторот.Покрај него биле пронајдени уште два други.Едниот бил во северната апсида,наспроти ктиторовиот.Покрај него биле пронајдени уште два други.Едниот бил во северната апсида,наспроти ктиторовиот а третиот бил во нартексот.Во внатрешноста на црквата бил пронајден мермерен иконостас во целост,од пет столба со капители,од човечки и животински глави и хоризонтална греда.Бил висок 1.85,а широк 2.80 метри.Во јужната апсида,покрај западниот ѕид,се наоѓал архиерејски мермерен трон.Во олтарот бил најден дел од мермерната чесна трпеза и фрагменти од мермерни свеќници.Подот е од правоаголни мермерни плочи со ѕвезда под кубето Христос Седржител.Под мермерниот под во северната апсида покрај ѕидот,биле пронајдени гроб,голема костурница на северната половина во наосот,и една помала костурница покрај јужниот ѕид на нартексот.Црквата била изградена врз постаро култно место на кое постоела постара црква.На исток,олтарот на старата црква завршувал каде што завршува наосот и почнува нартексот.До каде се протегала црквата на запад,не е познато.Со евентуално раскопување на темелите би се дознало за големината и формата на основата на старохристијанската црква.Врз источниот дел од старата црква и во продолжение кон исток,Антониј изградил црква.Надворешните димензии биле 15.10 метри должина и 9 метри широчина,а внатршноста била 11 метри должина и 6,9 метри,широчина.Носивна конструкција со ѕидови со дебелина 100-120 сантиметри мермер,во остатоци.Црквата е заштитно покриена со дрвена кровна конструкција.Обработката на фасадите е од рашки тип со употреба на тула и слепи арки.На црквата,по подолг период и била доградена канбанарија,па потоа и нартекс.Декоративната фасада била градена во византиски стил со хоризонтални и вертикални тули помеѓу кои се наоѓаат делкани бигорни блокови.Внатрешната страна била ѕидана со обични речни и кршени камења.Олтарната фасадна апсида била тристрано ѕидана и не се отцртувала проскомидијата и ѓаконикот.На западниот ѕид од доградениот нартекс над влезната врата имало полукружни ниши кои во горниот дел биле засводени.Над централниот дел на наосот имало кубе со осум или дванаесет страни,со по еден издолжен прозорец,целосно изѕидано со тули.На северната и јужната апсида од крстот имало двојни прозори.Нартексот бил со кубе за канбана.Била покриена со оловни плочи.Црквата имала една комбинирана градба македонско-византиско-приморска,со мали елементи на рашки стил.Со ваквите искомбинирани елементи,црквата е единствена од ваков тип во Македонија што го зголемува нејзиното значење.Црквата поседува мали остатоци од фрескоживопис и тоа од два периода,обата од 14-ти век.Живописот е сочуван делумно во апсидата,во конхата од северниот ѕид и на носечките столбови од централниот брод.Првиот слој на живописот е од трета деценија на 14-ти век,од времето на градењето на црквата.Вториот слој на живописот е од шестата деценија на на 14-ти век.Од зачуваните фрагменти може да се констатира дека живописот од првата фаза припаѓа на високиот стил на палеологовското сликарство.Тоа особено може да се распознае на облеката на светителите која е полна со флорални мотиви,арабески и бои што со својот отворен колорит им даваат на ликовите посебна монументалност.Моделирањето е многу фино и се чуствува влијание од класична фаза,на преминот помеѓу 13-ти и 14-ти век.Вториот слој на живопис е производ на од локалната македонска школа на зографи и припаѓа на таканаречената фаза монашкото сликарство.Карактеристика на овој живопис е употреба на темни тонови кои што се употребуваат  за да го повлечат астецкиот живот на светителите што се претставени.Тука се работи за сликарство кое своите корени ги наоѓа во втората половина на 12-ти век.Остатоците од живописот се во многу лоша состојба.Живописот во црквата е речиси целосно уништен и не може речиси целосно да се каже за него.Во централниот дел на олтарот се наоѓа фреската Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст,а лево и десно од нив двајца поклонети архиереји завртрни кон исток.Заедно сите ја формираат композицијата Поклонување на Агнецот.Во северната олтарна ниша на ѓаконикот бил архиѓаконот Стефан со кадилница,а наспроти  од јужната страна бил Свети Роман со дарохранителка.На ѕидот од северниот пиластер,каде што се влегувало во олтарот,имало остатоци на еден ѓакон прикажан како ангел.На јужниот пиластар има остатоци на орнаменти од растенија.Лево и десно од иконостасот,на источната страна,со поглед кон запад,имало еден монах-столник.Во продолжение на јужната апсида или десно од иконостасот,покрај монахот-столник има и три момчиња во запалена печка.Набљудувајќи ја црквата во целина,се забележува богата мермерна декорација во внатрешноста,декоративна фасада на тули и бигорни блокови,декоративниот фриз под покривот,мермерни прозори на северната и јужна апсида,мермерна розетка и др.Што се однесува до живописот се гледа дека ктиторот имал добри познавања од технологијата и сугерирал на зографите кои фрески каде ќе бидат зографисани.Тоа се забележува по застапените испосници и нивната невобичаена местоположба во црквата.Со тоа ктиторот сакал преку ликовите на испосниците да создаде амбиент на испосништво и со тоа влијаел врз монасите-испосници во манастирот да го прифатат таквиот престој во него,живот исполнет со молитви секојдневно.Тоа добро се гледа од столпниците-испосници врз кое се потпирало кубето и местоположбата на испостникот Пахомиј.За ликовната вредност на живописот многу тешко е да се даде проценка,кои биле зографи поради целиосно уништениот живопис.Сочуваните мали фрагменти се слични на фреските од средината на 14-ти век.
И црквата св.Атанасиј(Стар Манастир) не беше поштедена од албанските терористички банди за време на војната во 2001-та година.Тие во дворот на манастирската црква ископале ровови-пушкарници и поставиле поголем број на вреќи со песок,за да пукаат на незаштитеното македонско население.Пред влезот на дрвената врата видно се гледаат ознаките на нивниот вандализам со испишани ознаки УЧК.Исто тоа е сторено во внатрешноста на црквата,а најмногу во олтарскиот дел каде со големи букви се напишани тие ознаки,со жолта и црвеникава боја.Саркофазите беа искршени,исто така не беше поштеден гробот на монахот Теодорит кој што се наоѓа јужно од црквата.



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved