Православен крст
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА-ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
ПРОГРАМА
за реализација на 10-иот јубилеен
"ТЕТОВСКИ ФОЛК ФЕСТ"
 

Јубилејниот ТЕТОВСКИ ФОЛК ФЕСТ оваа година ќе биде реализиран по повод манастирското патронско одбележување на празникот УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА.
Манастирското патронско чествување отпочнува на 27-ми август (петок) во 17 часот и 30 минути,со служба на свечена вечерна богослужба од надлежниот епархијски архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски Г-дин Кирил.Во 20 часот и 30 минути настапуваат повеќе музички состави и естрадни уметници.
На 28-ми август (сабота) во црквата "СВЕТА БОГОРОДИЦА" (Лешочки манастир) со почеток во 8 часот и 30 минути Митрополитот Полошко-Кумановски Г-дин Кирил ќе отслужи СВЕТА БОЖЕСТВЕНА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА.Во Манастирскиот комплекс "СВЕТИ АТАНАСИЈ" во с.Лешок во 11 часот и 30 минути започнува 10-иот ЈУБИЛЕЕН ТЕТОВСКИ ФОЛК ФЕСТ со презентација на 25 најуспешни песни од досегашните девет фестивали со настап на македонската фолк елита.Овој фестивалски ден продолжува со настап на КУД "Орце Николов" со сплет на македонски песни и ора и активности на Здружението за обнова и ревитализација на Лешок и Лешочкиот манастир.
Десетиот ТЕТОВСКИ ФОЛК ФЕСТ ќе се одржи на 29-ти август(недела) во големата сала на Домот на културата "И.А.Смок"-Тетово со почеток во 20 часот.

МАНАСТИРСКО НАСТОЈАТЕЛСТВО
Манастир св.Атанасиј и св.Богородица с.Лешок
Протојереј-ставрофор Димитрије Крстевски
24.08.2004-та година