Православен крст
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА-ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
СООПШТЕНИЕ!
 

Македонската Православна Црква,Епархија Полошкко-Кумановска,Тетовско Архиерејско Наместништво ги известува сите  православни верници од Тетово,околните села како и пошироката јавност дека на ден 25-ти јули(недела)2004-та година ќе се изврши чинот осветување и полагање на камен темелник на возобновената црква Св.ВМЧ.Ѓорѓи победоносец во месноста Пештер кај селото Јегуновце.
Чинот на осветување ќе отпочне во 11-ет часот.
Со благослов на Неговото Високопресвештенство Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил,чинот на осветувањето на камен темелникот ќе го изврши надлежниот Архиерејски Наместник Протојереј-ставрофор Мирко Станковски,Парохискиот свештеник Дарко Наумовски во сослужение на поголем број свештенослужители и ѓакони од нашата Богум Ни дарувана Епархија.
По осветувањето на камен темелникот за сите присутни гости ќе биде обезбедена скромна закуска.
Драги браќа и сестри во Господа,
Братољубиво ве покануваме што помасовно да дојдете на овој голем историски чин за да го измолиме Бога и да добиеме Божји благослов за да вечно зрачи над сите нас,нашите семејства,за да завладее духовно и народно единство во нашиот Христијански Православен народ.

Господ Бог нека ни ја зајакнува милоста и ЕДИНСТВОТО.

Тетовско Архиерејско Наместништво
Иницијативен одбор-с.Јегуновце
Парохиски свештеник Дарко Наумовски