Старешината на црквата св.Петка-Параскева,црковниот
одбор како и местното население од с.Сиричино донесоа одлука за доградба и
санирање на Црквата како и возобнување односно реставрирање на фрескоживописот.Со
голема почит Ги молиме сите богомблагословени стопанственици и домаќини,и
сите ценети пријатели на Родната Мајка СветиКлиментова Македонска Православна
Црква парично и материјално да помогнат и да се вградат во обновата на Светата
Црква.
Црквата св.Петка-Параскева која што се наоѓа во с.Сиричино поседува голема
културно-уметничка и црковна вредност,бидејќи сведочи за многувековното постоење
и опстојување на нашиот богољубив Македонски Православен народ како и за севкупната
Христијанска Игумена,но се наоќа во незавидна(оштетена од забот на времето)
состојба.
Оваа црковна иницијатива ја превземаме со цел да го заштитиме нашето културно
наследство и на нашите верници да им овозможиме квалитетно и непречено да
ги извршуваат своите верски потреби.За даруваната помош ви искажуваме неизмерна
и трајна благодарност,Господ Бог нека Ви возврати илјадапати со штедри даренија.Вашите
средства можете да ги уплатите на нашата жиро-сметка:
-540-000000-2963-02-
Тетовска Банка-Тетово
Со назнака:За црква "св.Петка"-с.Сиричино
Црковниот одбор при |
Парохиски свештеник и старешина на
|
црквата св.Петка Параскева |
црква св.Петка-Параскева с.Сиричино
|
с.Сиричино-Тетово |
Дарко Наумовски
|