МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА
ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО
Биографии на манастири и цркви
Црква Свети Димитриј - Тетово
Црква Свети Димитриј - Тетово
 Црква Свети Димитриј - Тетово Црква Свети Димитриј - Тетово

Оваа црква се наоѓа на локацијата на градските гробишта, на северозападниот дел од Тетово. Површината на црквата изнесува 0,94 ари. Порано тука постоела помала црквичка - параклис, а на нејзиното место изградена е денешната црква посветена на "Свети Димитриј". Градбата започнала во 1906 година и траела сe до 1912 година. Ктитор на истата бил Захарије Манојловски. Осветена е три

години подоцна, во 1915 година. Преосветена е повторно во 1958 година од страна на првиот македонски архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонскта православна црква Господин Господин Доситеј.
Површината на христијанските гробишта изнесува 96,83 ари според старите мерења и според тапијата од 27 јуни 1923 година. Во 1965 година гробиштата се проширени од источната страна, па вистинската површина на православните гробишта треба да се утврди со повторен премер од страна на Катастар.
Црквата е грдаена од камен и полна цигла и се смета за објект од тврд материјал. Во 1990 година извршена е целосна реконструкцијана објектот. Сменета е целосно кровната конструкција, извршена е замена на врати и прозорци со нови, замена на електричната инсталација, замена на подот со пластични подни плочки, поставена е ламперија на плафонскиот дел извршено, изведени се молерофарбарски работи.
Во христијанските гробишта постои параклис кој е посветен на свештеномаченик Харалампиј. Истиот е обновен и проширен во 1946 година од страна на познатите православни верници Ристо и аџи Санда Павловски (Бутиковци) во спомен на нивниот син, правник Тодор, управник на околискиот суд во Берово, починат како свршеник во 1943 година.



Пребарување

Google
 
Барај во GOOGLE Барај во svetapetka.tripod.com

Поставањето на овој веб сајт е одобрено и благословено од
Неговото Високо Пресвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Г-дин Кирил
Надзор врз содржината на овој веб сајт вршат:
Архиерејски наместник при Тетовското Архиерејско Наместништво
Протојереј-ставровфор Мирко Станковски
Парохиски свештеник на Сиричко-Раотинската Парохија Дарко Наумовски

 
   
Copyright©BJ-VBMacedonia 2004-2008.All rights reserved